For orders over 1.000 MKD
Products from renowned brands with top quality
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
1000 mg / 180 tabs 1.730 ден
60 Chewables 1.140 ден
DHA Kids Chewable
60 softgels
1.220 ден
Brand | |
---|---|
Индикации | Children's health |
100 mg DHA
Fish-Shaped Softgels
Tasty Fruit Flavor
From the FDA: “Supportive but not conclusive research shows that consumption of EPA and DHA omega-3 fatty acids may reduce the risk of coronary heart disease.”
This natural fish oil concentrate is manufactured under strict quality control standards. It is tested to be free of potentially harmful levels of contaminants such as PCBs, dioxins, mercury and other heavy metals.
SUPPLEMENT FACTS
Serving Size: | 2 Chewable Softgels | |||
---|---|---|---|---|
Servings Per Container: | 30 | |||
Amount per Serving | % Daily Value
| |||
Children 1 through 3 Years of Age | Children and Adults 4 or more Years of Age | |||
* Percent Daily Values are based on 2,000 calorie diet. **Percent Daily Values are based on 1,000 calorie diet. † Daily Value not established. | ||||
Calories | 10 | |||
Total Fat | 1 g | 3%** 1%* | ||
Fish Oil Concentrate (BioPureDHA®) | 1 g (1,100 mg) | † | ||
Docosahexaenoic Acid (DHA) | 200 mg | † | ||
Eicosapentaenoic Acid (EPA) | 48 mg | † |
Other Ingredients: Softgel Capsule (bovine gelatin, glycerin, water, natural fruit punch flavor, xylitol, cellulose) and Natural Mixed Tocopherols.
This natural fish oil concentrate is manufactured under strict quality control standards. It is tested to be free of potentially harmful levels of contaminants such as PCBs, dioxins, mercury and other heavy metals.
Not manufactured with yeast, wheat, gluten, milk, egg or shellfish ingredients. Produced in a GMP facility that processes other ingredients containing these allergens.
SUGGESTED USAGE
For children and adults, take 2 chewable softgels 1 to 2 times daily with food, or as directed by your healthcare practitioner.
CAUTION
Consult physician if pregnant/nursing, taking medication, or have a medical condition. Keep out of reach of children.
Xylitol is harmful to pets; seek veterinary care immediately if ingestion is suspected.
BioPureDHA® is a registered trademark of Bioriginal Food & Science Corp.
Fish oil is product of Iceland.
MORE INFORMATION
Омега-3 масните киселини се од големо значење за општото здравје на детето. Тие се меѓу најважните добри масти кои нашето тело ги бара, но не може да ги произведе самостојно и затоа мора да бидат дел од исхраната, но сé почесто и како додаток на исхраната. Омега-3 масните киселини се есенцијални масни киселини, што значи дека тие не можат да бидат синтетизирани од нашето тело.
Омега-3 се од суштинско значење за одгледување на деца за подобрување на нивното когнитивно и бихејвиорално функционирање. Доказите од експерименталните студии покажуваат дека овие нутриенти ги регулираат бихејвиоралните и неврохемиските аспекти кои се поврзани со нарушувањата на однесувањето (одговор на стрес, депресија и агресија, раст, меморија и когнитивните функции). Недостатокот на омега 3 ја нарушува функцијата на мозокот и ја отежнува состојбата кај дечињата со дефицит на внимание. Оптималниот внес на EПA и ДХА ги намалува проблемите во однесувањето и го подобрува капацитетот на мозокот.
Долговерижните полинезаситени масни киселини (PUFA) сочинуваат околу 15-30% од сувата тежина на мозочното ткиво. Тие се вклучени во градбата и функцијата на ЦНС. Структурата на мозокот ја сочинуваат масти и тоа главно фосфоглицериди и холестерол кои се богати со Арахидонска киселина и DHA. Студиите покажуваат дека DHA ја засега функцијата на крвно-мозочната бариера и флуидноста на невронската мембрана. Исто така го регулира системот на невроспроводливост како серотонинскиот, допаминергичниот, норадреналинскиот и ацветилхолинскиот систем. DHA има значителен ефект на невронската мембрана, нејзината динамика со што влијае и врз транспортерите, рецепторите и невротрансмитерските функции. Омега 3 масните киселини имаат одредена биохемија и физиолошки функции во метаболизмот на човекот и здравјето воопшто. За таа цел DHA е основен нутриент за детскиот раст и развој.
DHA е главна структурна маст во мозокот, нервните клетки и ретината на окото. Интересен факт е дека 60% од структурата на мозокот го чинат масти, а 25% од тие масти е DHA. DHA чини 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот. Во комплетната структура конечно оваа масна киселина достига до 97% од омега 3 мастите во мозокот и до 93% од омега 3 мастите во ретината.
Недостатокот на DHA во мозокот може да предизвика проблеми со размислувањето, учењето, когнитивното однесување и да придонесе за нарушување на дефицитот на вниманието и депресијата. Земањето на додатоци од рибино масло покажува подобрување за сите горенаведени состојби. Децата со АДХД обично имаат ниски нивоа на омега-3 масни киселини. Децата со АДХД, на кои им биле давани омега-3 додатоци во исхраната, покажале умерено подобрување на симптомите, вклучувајќи проблеми во обработката на емоциите и дружењето.
DHA и EPA во голема мера се наоѓаат во морските масла, како што се рибините масла од крил, скуша, туна и други видови морска храна. Во храната најважен извор на DHA е рибата и рибиното масло.
Зошто EPA и DHA се толку важни за активноста на мозокот?
Овие масни киселини се вклучени во составот на мембраните на нервните клетки. Затоа недостатокот на омега-3 масните киселини во клеточните мембрани ги нарушува нормалните функции на мозочните клетки. Истражувањата покажуваат дека EPA и DHA во мозочните клеточни мембрани директно влијаат на синтезата на невротрансмитерите, преносот на сигналот и активноста на некои клучни ензими.
Придобивките од редовното консумирање на Омега-3 масните киселини:
- Поддржуваат детски когнитивен развој
- подобра координација на рацете, социјални вештини и зголемена концентрација
- подобар вид и функција на очите
- Го подобрува читањето и меморијата.
DHA има важна и повеќекратна улога кај децата, особено кај доенчињата и малите деца до 3 години. Мајчиното млеко е важен извор на DHA, но многу зависи од мајчиниот внес на омега-3 масни киселини. 50% од бремените жени не внесуваат доволно омега-3 масни киселини, и се препорачува суплементација во тек на бременост и доење. Препорачаниот внес на DHA во доенечка возраст изнесува 100 mg/ден. Зголемениот внес не претставува здравствен ризик.
Улогата на Омега-3 масните киселини
- Клучната улога е во градбата и функцијата на мозокот, како и формирањето на ретината
- Подобрување на најголем дел од когнитивните функции
- Развојот на видот, што овозможува подобра визуелна перцепција
- Кардиоваскуларното здравје, подобрувајќи го крвниот притисок и вискозноста на крвта
- Имуниот систем, заштитувајќи ги децата од алергии и астма во раното детство
Затоа соодветен внес на овие масни киселини треба да се обезбеди уште во бременоста, доењето и за време на детството.
- Оптимален раст и развој на мозокот и нервниот систем. Оптималниот развој на мозокот и мозочната функција влијае врз способноста за учење, меморија и концентрирање.
- Подобрување на однесувањето на децата со невролошки развојни нарушувања. Омега-3 суплементите може да ги намалат симптомите на АДХД. Така во една Јапонска студија испитувана е група на деца од 6-12 години со АДХД, кај кои се давани поголеми дози на DHA (514 mg на ден) и EPA (100 mg на ден) во период од 2 месеци. Резултатите во таа студија покажуваат редукција на агресијата споредено со контролна група. Бројни студии докажуваат подобрување на вниманието кај овие деца, се намалува и хиперактивноста, импулсивноста и агресијата.
- Подобри когнитивни достигнувања – почестото конзумирање на риба од 1-2 пати неделно асоцира со повисоки когнитивни достигнувања компарирано со оние кои јадат помалку од еднаш неделно риба.
- Помалку настинки во текот на зимските месеци.
- Корисни ефекти врз оптималното функционално созревање на ретината и визуелниот кортекс, DHA претставува 60-80% од сите полинезаситени киселини во структурата на ретинални фоторецептори, со улога во активирањето на родопсин и зголемување на визуелната острина.
- Помал ризик за дијабетес тип 1 – хронична автоимуна болест со почеток во детството поврзана со абнормалности на метаболизмот на простагландин.
- Развојот на здрави коски и заби е особено важен за активно и здраво дете.
- Детето постојано е изложено на бактерии и вируси кога е во контакт со други деца. Добар имунолошки систем помага да се спротивстави на настинките и да остане здраво.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk