за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk

100 mg / 50 меки капсули 1.660 ден

200 mg / 60 капсули 1.990 ден
AlphaSorb-C
500 mg / 90 капсули
рок 05.2023
1.310 ден 655 ден
Бренд | |
---|---|
Индикации | Имунитет, Кардиоваскуларно здравје, Кожа, коса, нокти, Коски и зглобови, Машко здравје, Респираторно здравје, Тироидна жлезда, Црн дроб и детоксикација |






AlphaSorb-C е уникатна и патентирана не-киселинска форма на Витаминот Ц која содржи не-киселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките отколку нормалната аскробинска киселина. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник, не се јавува вознемирен стомак. Витаминот Ц е познат како антиоксиданс кој може да ги заштити клетките и молекулите на телото од оштетување од слободните радикали. NOW® AlphaSorb-C® вклучува Transport C-PLUS®, патентирана комбинација на подобрена треонска киселина, не-кисел калциум аскорбат, Алфа липоична киселина, рутин, шипка и ацерола. Ова е уникатна формула на високо биолошки достапен витамин Ц, која подобро се апсорбира во организмот.
Состав
Состав: | Количина во 1 доза:1 капсула | % на дневни вредности |
---|---|---|
Витамин Ц (од Треонска киселина подобрен ублажен калциум аскробат) | 500 mg | 556% |
Калциум (од ублажен калциум аскробат) | 60 мg | |
Transport C-PLUS (патентирана мешавина на Треонска киселина подобрен ублажен калциум аскробат и алфа липоинска киселина) | 650 mg | |
Алфа Липоинска киселина | 40 mg | |
Комплекс на Цитрус биофлавоноиди | 100 mg | |
Прав од ацерола (Malpighia punicifolia) (овошје) | 25 mg | |
Прав од шипки (Rosa canina) (овошје) | 25 mg | |
Прав од рутин (Sophora japonica) (пупка од цвеќе) | 25 mg |
Други додатоци: целулоза (капсула), целулоза прав, стеаринска киселина (од растителен извор), магнезиум стеарат (од растителен извор) и силика. Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.
Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Земете 1 капсула 1-3 пати дневно, по можност со храна.
Предупредување
Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи: 11-11132/2 од 05.12.2016
Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде повеќе од корист.
Чувајте го упатството. Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни податоци.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
Супериорен вид на витамин Ц
AlphaSorb-C е супериорен витамин Ц кој ги содржи метаболитите на витаминот Ц, треонската киселина која ја зајакнува клеточната апсорбција на витаминот Ц. Овој патентиран некиселински вид на витамин Ц е супериорен и поради тоа што содржи и Алфа Липоична киселина, aнтиоксиданс кој помага во регенерацијата на витаминот Ц во организмот. Исто така, помага и за подобро искористување на витаминот Ц во организмот. Додадените биофлавоноиди се супстанции кои помагаат во зголемена апсорбливост и многу ефикасен витамин Ц.
Најдобар избор на витамин Ц!
Кога станува збор за витаминот Ц, голем број од луѓето ја знаат неговата полезност при настинка, грип и инфекции. Меѓутоа витаминот Ц е многу полезен и при алергии, помага во детоксикација на хистаминот, лечење на рани, создавање и стабилизирање на колагенот и како антиоксиданс – ги елиминира слободните радикали и ги штити клетките од оксидација. Сега постои и нов вид на витамин Ц познат под името AlphaSorb-C, кој има 2 пати поголема активност од стандардниот витамин Ц.
Метаболитите на AlphaSorb-C ја зголемуваат ефикасноста на витаминот Ц, го зголемуваат степенот на искористливост на витаминот Ц за два пати во однос на стандардниот витамин Ц, што е многу значајно во процесот на оздравување. Се складира во клетките и ткивата двојно подолго со што му обезбедува на организмот поголема можност да апсорбира витамин Ц.
Апсорбцијата е 4 пати поголема од стандардниот витамин Ц
AlphaSorb-C има ph вредност како и дестилираната вода, со што во голема мерка ја намалува можноста за дијареа и стомачна иритација кои понекогаш се поврзани со зголемени нивоа на витамин Ц.
Витаминот Ц и неговите метаболити
Метаболитот на витаминот Ц, Треонската киселина на AlphaSorb-C брзо се впива, достигнува поголеми интерклеточни нивоа и се излачува многу поспоро.
Последните истражувања ги збогатија нашите сознанија за тоа како делува витаминот Ц, како големи количини (мегавитамински количини) на витамин Ц ги прехрануваат клетките и како метаболитите на витамин Ц ја зголемуваат моќноста на витаминот Ц. Овие истражувања ќе ни помогнат да разбереме како огромните количини на витамин Ц доведуваат до одлично здравје и можат да доведат до подобро целно делување на витаминот Ц во организмот.
Основна хранлива состојка
Голем број на луѓе го сметаат витаминот Ц за главен хранлив извор, бидејќи дејството му е широко и разновидно. Витаминот Ц е вклучен во многу биохемиски процеси во организмот така да недостатокот на на витамин Ц може да доведе до многубројни здравствени потешкотии.
Дури сега почнуваме да разбираме дека не се важни само реакциите во кои директо учествува витаминот Ц, туку и реакциите во кои индиректно учествува витаминот Ц, за да бидеме и останеме здрави. Неодамна од истражувањата произлегоа 2 нови дополнителни функции на витаминот Ц.
Првото сознание ја вклучува улогата на витаминот Ц како антиоксиданс во контекст на заштита на целиот организам со елиминирање на слободните радикали. Новото откритие е дека витаминот Ц е антиоксиданс кој го задржува минералниот дел на одредени ензими во нивната соодветна смалена електронска структура.
Минералите како што се железо и бакар се клучни компоненти на стотина ензими. Ензимите ги контролираат хемиските реакции во организмот и за секоја реакција во нашиот организам му се потребни специфични ензими. Ензимите кои зависат од железото и бакарот нема да дејствуваат доколку овие минерали се оксидирани на повисоко електорнско ниво. Витаминот Ц го враќа потребното електорнско ниво и на тој начин ги реактивира оксидираните ензими.
Со овој нов пристап многу повеќе можеме да ја разбереме како витаминот Ц влијане на различни функции во нашиот организам.
Искористливост во клетките
Кога на сето ова ќе се додаде сознанието дека клетките можат да задржуваат и употребуваат повеќе витамин Ц отколку што предходно се мислело, можеме да сватиме како мегавитаминските нивоа на витамин Ц дејствуваат.
Имунолошки функции
Уште од 1971 година позната е важноста на витаминот Ц за имунолошкиот систем. Витаминот Ц стимулира зголемената активност на белите крвни зрнца. Без голема количина на витамин Ц, уништувањето на бактериите од страна на белите крвни зрнца ќе се одвива со намалена ефиксност.
Апсорбција на витаминот Ц
Метаболитите на Л-треоскатата киселина или нивните соли на калциум, калциум треонати (вид на Л-треонска киселина) го зголемуваат искористувањето на витамин Ц од страна на клетките. Истражувањата на споредба на калциум треонат со аскробинска киселина, покажуваат дека метаболитите го прават витаминот Ц помоќен. Во суштина, заедно со калциумот, витаминот Ц многу побрзо се апсорбира, продира до повисоки нивоа и поспоро се излачува. Земањето витамин Ц од страна на клетките е поголемо при присуство на метаболитите на Л-треоскатата киселина.
Транспорт Ц-Плус ќе постави нова ера во користењето на витаминот Ц
Тој е нова напредна генерација на витамин Ц, формулиран да обезбеди многу понапредна форма за поголема апрорбција на витаминот Ц. Време е за промена, Транспорт Ц плус е решение за зголемена биорасположливост на витаминот Ц за 300% повеќе од чистиот витамин Ц.
Транспорт Ц-Плус претставува следна генерација на витамин Ц. Оваа патентирана состојка е внимателно дизајнирана, развиена и тестирана за да ја задоволи зголемената побарувачка за нутритивен суплемент кој може да ја зголеми апсорбцијата на витаминот Ц за подолг период. Компарациите ги дефинираат поголемите бенефити на Транспорт Ц-Плус во однос на чистиот витамин Ц.
Транспорт Ц-Плус:
- Ја зголемува апсорпцијата и преносот на витамин Ц со намалување на оксидативниот стрес на витаминот Ц кога навлегува во крвотокот
- Поддршка на организмот што тој неможе сам да ја изврши – да придвижи повеќе витамин Ц низ организмот во подолг период во однос на старите формулации и технологии кои се ослободуваат низ бубрезите за 45 минути (во зависност од телесната маса и метаболизмот)
Научни полезности:
- Зголемена антиоксидантна активност во крвотокот
- Патентиран производ кој го продолжува транспортот на природно присутните метаболити во клетките
- Ре-транспорт на аскробатите во клетките
- Присуството на ALA ја зголемува стапката на траспорт на аскробинска киселина во клетките и го зголемува транспортот и апсорпцијата на другите антиоксиданти
- Не предизвикува киселински проблеми во стомакот
- Зголемена биорасположливост за 300% во однос на чистиот витамин Ц
Што е AlphaSorb-C?
NOW® AlphaSorb-C™ е патентирана формула која ги комбинира полезностите на ублажен витамин Ц (аскробат) со други антиоксиданси за да се создаде производ кој ја зајканува апсорпцијата на аскробатите, особено преку важните патишта на транспорт на глукозата. Ова го прави AlphaSorb-C многу полезен за милиони луѓе кои се резистентни на инсулин или ниско ниво на чувствителност на инсулин, кои се склони да имаат сиромашен аскробатски статус, како и за сите кои сакаат да го подобрат внесот на витамин Ц во крвотокот и клетките. AlphaSorb-C™ е природна формула создадена да обезбеди алтернатива на популарните видови на витамин Ц развиени пред многу години. Достапен е во некиселинска, блага форма.
Одлуката да се направи унапреден производ се темели на неколку фактори. Конечно, најиновативните формули се претставени на пазарот како резултат на истражувања и напредна технологија. Осознаени се многу новитети за тоа како витаминот Ц функционира во организмот и исто така кои услови обезбедуваат најоптимални услови за негова апсорпција и искористливост. Во изминативе години, истражувачкиот тим на Now Foods ги истражуваа овие откритија со цел да развијат формула која ќе воспостави нови стандарди за поголема ефикасност на витаминот Ц и функционалните ко-фактори кој го зголемуваат дејството на витаминот Ц.
Едно од најзначајните откритија ја вклучува неверојатната апсорбирачка моќ на треонската киселина – метаболит на аскробинската киселина. Истражување објавено во октомври 2007 година во Medical Science Monitor обезбедува доказ за неверојатните апсорбирачки моќи на треонската киселина. Клиничката студија заклучува дека треонската киселина има 2 многу полезни карактеристики. Прво, докажа дека го зголемува количеството на витамин Ц кое е искористено од страна на Т- клетките на имунолошкиот систем. Дополнително покажа дека треонската киселина ја зголемува потентноста на витаминот Ц во клетките.
Сознанијата од ова истражување и други научни истражувања ги натераа корисниците на витамин Ц да се определат кон формули на витамин Ц кои содржат треоска киселина како моќен извор на клеточна заштита. Овие откритија и зголемениот интерес за потенцијалот на метаболитите на витаминот Ц беше иснспирација Now Foods да го развие производот AlphaSorb-C. Увидувајќи дека апсорбцијата и искоритливоста на витаминот Ц се клучни полезности кои мора да се обезбедат во која и да било нова формула, теоријата беше развиена со предлог дека витаминот Ц може да се транспортира низ активните патишта на гликозата. Оваа теорија се потврди како валидна и утврди дека механизмите на транспорт може да се зајакнат само со вистинска формула.
Полезностите на некиселинскиот витамин Ц и неговите метаболити се комбинирани со супстанции кои го подобруваат транспортот на витамин Ц во клетките, зајакнувајќи ја апсорбцијата и во крвотокот и во имуните клетки, со истовремено стимулирање на искористувањето од страна на имуните клетки. Дополнително, бидејќи способноста на AlphaSorb-C да ја зголеми апсорбцијата на витамин Ц низ каналите на транспорт на глукоза, претставува идеален и соодветен извор на витамин Ц за дијабетичари и оние со небалансирани нивоа на шеќер, луѓе кои традиционално имаат проблем да оддржат здрави нивоа на витамин Ц.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk