Новости
НА ОДМОР БЕЗ ПРОБИОТИК НЕ СЕ ОДИ

Летото е време кога сите сакаме да се исклучиме од секојдневните обврски и да се препуштиме на нови доживувања. Без разлика дали патувате на море, езеро, планина или во нов град, доброто здравје е клучно за вистинско уживање. А кога станува збор за патување, особено важен сегмент е здрава и стабилна дигестија.
Во куферот секогаш се пакуваат очила за сонце, костим за капење и омилена летна гардероба. Но оваа сезона, направете место и за вашите најважни здравствени сојузници – пробиотици и дигестивна поддршка.
Секое патување, колку и да е возбудливо, претставува предизвик за дигестивниот систем. Промена на клима, различна вода, нови намирници и необична рутина – сето тоа може да влијае на цревната флора. Од стомачни тегоби и подуеност, до нарушена столица и замор – симптомите може сериозно да го нарушат вашиот одмор. Токму затоа, Vitamini.mk ве потсетува:
На одмор без пробиотик не се оди!
Еден од овие производи мора да се најде во вашиот куфер
На Vitamini.mk, внимателно избравме 5 есенцијални производи кои се препорачуваат за секое летување:
- Acidophilus 4×6
Пробиотик кој содржи шест соеви на добри бактерии и четири милијарди активни култури. Помага во одржување на здрава цревна флора, особено при промена на исхрана или при користење на вода и храна со различен состав од она на кое сме навикнати. - Bromelain
Природен дигестивен ензим добиен од ананас кој помага во разградување на протеините и го олеснува варењето. Идеален по обилен оброк или дегустација на нови јадења – нешто што често се случува на патување. - Betaine HCl
Го поддржува нормалното ниво на желудочна киселина и помага во варење на храната. Особено корисен за луѓе кои чувствуваат тежина по оброци ( гасови, болки во желудник, ждригање после оброк, рефлукс или надуеност). - Inulin
Пребиотик – природен „оброк“ за добрите бактерии во организмот. Помага во одржување на рамнотежа на дигестивниот систем. Одлична поддршка за редовна столица и намалување на подуеноста. - Berry Dophilus (Kids)
Вкусни таблети за џвакање со пробиотици наменети за деца, но совршени и за возрасни кои сакаат лесен и пријатен начин на консумирање. Ја зајакнува дигестивната и имунолошката функција кај најмладите патници.
Дури и највозбудливата дестинација не може да се ужива докрај ако го минувате времето со тегоби, во потрага по аптека или со рестрикции на храна.
Со еден од овие производи за дигестивна поддршка, можете сигурно да истражувате нови вкусови, да менувате локации и да се опуштите без грижи – затоа што ќе знаете дека вашата дигестија е поддржана.
Сите производи се достапни на www.vitamini.mk со бесплатна достава, директно до вашата адреса.
Спакувајте го куферот со сѐ што ви треба за совршено лето.
На одмор без пробиотик не се оди!