Новости
Слободни радикали и антиоксиданти
Ако се изложите на тешка физичка работа, на јонизирачки зрачења, долго се сончате, подолго се задржувате во простории со многу чад од цигари, ако сте страствен пушач, ако се наоѓате на места со многу издувни гасови или се разболите, ете ги условите кои во организамот предизвикуваат создавање на слободни радикали.
Што се слободни радикали?
Слободни радикали се хемиски видови, кои можат да бидат атоми, јони или молекули одговорни за токсичниот ефект на кислородот во организамот. Тие имаат слободен електрон во својата надворешна обвивка кој е нестабилен и кој настојува да ги дестабилизира хемиските соединенија на тој начин што создава многу нови хемиски врзувања, кои можат понекогаш да бидат и разурнувачи на клеточната мембрана. Во настојување да се врати во стабилна состојба слободниот радикал е многу реактивен. Слободните радикали се продуцираат во организмот за време на биохемиски оксидо-редуктивни реакции во кои учествува кислородот. Слободните радикали стапуваат во реакција со несатурираните липиди од клеточната мембрана. Тие во вид на цитотоксичен ендопероксид ја оштетуваат клеточната мембрана и предизвикуваат силни исхемиски нарушувања. Тие се појавуваат и дејствуваат во разни ткива и органи кога е присутно некое воспаление, кога се внесуваат некои лекови или сме изложени на јонизирачки зрачења.
Дали сите слободни радикали се “лоши“? НЕ.
Слободните радикали имаат и физиолошка улога во организмот. На пр. водородниот пероксид се создава од пероксизоми во штитната жлезда, а се користи за јодирање на тироидните хормони. Супероксидот се создава во клетките, кои имаат способност да проголтуваат бактерии и вируси со цел да бидат уништени. Тој се продуцира и во други клетки – лимфоцити и фиброцити. Суперпероксидот има улога во внатрешната сигнализација и регулација на растењето. Азотниот оксид се синтетизира од аргинин и има силно раширувачко дејство на крвните садови, а во исто време може да функционира како пренесувач на нервни импулси. Но, слободните радилаки не се за потценување.
Во обидот да се стабилизира и да ја неутрализира својата активност, слободниот радикал краде водородни јони од липидниот дел на мембраната на клетката; ова предизвикува реакција во фосфолипидите. Последица од ваквата реакција е деструкција на клетката. Во вакви услови се создава нестабилен кислороден радикал со неспарен електрон во орбитата на кислородот, кој предизвикува ланчана реакција која може да ја уништи клетката. Со помош на дизмутаза од суероксидите се добива водороден пероксид и нативен кислород.
Водородниот пероксид со железото создава хидроксилен радикал, кој е одговорен за оштетувањата на клеточната мембрана. Ако се создадат малку слободни радикали организамот лесно ќе се справи, но во одредени услови клетките трпат и до 1000 удари од слободните радикали за 24 часа. Но, организамот има свои одбрамбени механизми против слободните радикали. Тоа се антиоксидансите кои се создаваат или се внесуваат во организмот. Антиоксидансите ги стимулираат Т-лимфоцитите, го подобруваат чистењето и отфрлањето на непознати ткива и клетки и го зголемуваат дејството на таканаречените клетки убијци кои ги уништуваат туѓите клетки – тумори и габи.
Нашиот имунолошки систем постојано е бомбардиран од надворешни и внатрешни штетни материи и било каква помош што ја даваат антиоксидансите на организмот му е од голема помош, бидејки тие се сојузници на нашето тело. Антиоксидансите се делат на: примарни, секундарни и терцијални. Примарни се оние кои го спречуваат формирањето на слободните радикали, такви се метало сврзувачките протеини (целулоплазмин, трансферин), кои ги одземаат металните јони на железото и така спречуваат да се создадат слободни радикали. Секундарни антиоксиданси (чистачи) се оние кои ги отстрануваат создадените слободни радикали. Овде спаѓаат супероксид дизмутаза, пероксидази, кои се создаваат во организмот или оние кои се внесуваат со храната или како препарати на пр. витамините и нивните прекурсори од типот на А или бета-каротенот, Е, Ц потоа глутатионот и акстаксинот и др. Терцијалните антиоксиданси, уште наречени обновувачки, бидејки имаат задача да ги поправат оштетувањата на биомолекулите, предизвикани од слободните радикали.
Овие антиоксиданси се создаваат во организамот, а тие се ДНК полимераза, ДНК липаза. Постојат апарати и методи за одредување на антиоксидантниот статус на организмот преку одредување на слободните радикали. Треба да се нагласи дека некои антиоксиданти не функционираа независно, туку координирано, почесто заедно како интегрален антиоксидантен одбранбен систем. Во одредени услови доаѓа до нарушување на рамнотежата меѓу слободните радикали и антиоксидантите (кај разни заболувања, големи физички оптоварувања, стареење) што доведува до создавање на многу повеќе слободни радикали. Создавањето на слободните радикали може да биде резултат и од недоволно создавање и внесување на антиоксиданси. Многу студии укажуваат на тоа дека со корекција на антиоксидантниот статус се постигнуваа значајни резултати во одржување на здравјето и физичките способности на организамот.
На пазарот се нудат многу антиоксидантни комбинации од бета-каротен, витамин Е, Ц, селен и др. Во последно време се појави препарат кој преставува силен природен антиоксиданс, Астаксантин, кој е 10 пати посилен од бета-каротенот и 550 пати поефикасен од витаминот Е (БиоАстин – комбинација од природен астаксантин, лутеин, витамин Е и витамин А како бета-каротен).
Овој антиоксиданс – каротеноид астаксантин ги дава жолтата и црвената боја на разни овошја, зеленчуци, црвено протокаловата боја на пастрмката, лососот, икрата, раковите и др. Астаксантинот многу го има во одредени морски алги од кои и се добива. Внесениот астаксантин поседува две кислородни групи на секој прстен од струкрурата што му дава извонредни антиоксидантни својства. Тој лесно ја минува “крвно мозочната“ бариера и го спречува штетното дејство на тој начин, што го врзува “активниот“ кислород, кој е една од причините за нарушувања, како што се Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест, реуматоидните артрити, срцевите заболувања, ракот и др. Антиоксидансите се препорачуваат за сите возрасти, на активни спортисти и рекреативци, на деловни луѓе, на сите кои прележале тешки заболувања; со еден збор на сите кои сакаат да си го зачуваат или да си го подобрат здравјето.
Проф. д-р Здравко Тројачанец