за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
60 капсули
рок 01.2025
500 mg / 50 капсули
рок 02.2025
L-Tryptophan
500 mg / 60 капсули
рок 04.2025
1.760 ден Original price was: 1.760 ден.1.408 денCurrent price is: 1.408 ден.
Бренд | |
---|---|
Индикации | Расположение, стрес и сон |
1 на залиха
- Есенцијална амино киселина
- Градивен дел на протеините
- Потребна за производство на серотонин, мелатонин и ниацин
- Додаток во исхрана
Состав
Состав: | Количина во 1 доза: 2 капсули |
---|---|
L-Tryptophan (слободна форма) | 1 g (1000 mg) |
Други додатоци: целулоза (капсула), целулоза прав и стеаринска киселина (од растителен извор).
Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Без ГМО. Вегетеријански/Веган производ.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Земете 1-2 капсули 2-3 пати дневно на празен стомак, со последната доза пред спиење, или како што ви е препорачано од доктор.
Предупредување
Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови (особено антидепресиви) или имате некаква медицинска состојба. Може да предизвика поспаност. Не го користете со алкохолни пијалоци или додека управувате тешки машини.
Да се чува подалеку од дофат на деца.
Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.
Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето.
Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
L-Tryptophan е есенцијална амино киселина; што значи дека не е синтетизирана од организмот и мора да биде добиена од исхраната. L-Tryptophan е критичен за производство на серотонин и мелатонин, кои помагаат да се поддржи позитивно расположение, здрав сон и соодветна функција на имунолошкиот систем. Секоја серија на NOW® L-Tryptophan се тестира за присуство на Peak E и микробна контаминација.
Што е L-Tryptophan?
Е една од 8-те есенцијални аминокиселини која организмот не може да ја синтетизира поради што мора да се внесе преку храната или преку суплементација. Во метаболизмот учествува како градивен дел на протеините, но и како важен аминокиселински прекурсор на серотонин и мелатонин, важни неуротрансмитери.
Дејство
После ресорпцијата, L-Tryptophan во телото се конвертира во 5-HTP (5-хидрокситриптофан), а после во серотонин, мелатонин и витамин Б-6 (никотинамид). Серотонинот и мелатонинот се важни неуротрансмитери (преносители на информациите меѓу нервните клетки) кои играат важна улога во нормализација на сонот, расположението, контрола на болка, цревна перисталтика и многу други функции во организмот. Зголеменото ниво на серотонин во организмот ја намалува потребата за јагленохидтрати поради што триптофанот е одличен во борбата против дебелина.
L-Tryptophan е аминокиселина која е потребна за производство на серотонин, мелатонин и ниацин.
Витамин Б3 (ниацин) е витамин потребен за правилен раст кај деца и одржува здрава количина на кислород кај возрасните.
Серотонин е невротрансмитер кој ги праќа информациите во различни делови на мозокот, контролира расположение, сон и бројни други функции.
Мелатонин е хормон на спиењето помага на телото да одржи соодветен цикардијански ритам (спиење/будност). Серотонинот во мозокот се претвара во мелатонин. Во текот на денот производството на серотонин е најголемо, а производството на мелатонин е најниско. Кога количината на светлина се намалува, претварањето на серотонин во мелатонин е побрзо, го зголемува нивото на мелатонин и го подготвува телото за длабоко спиење.
Се препорачува за:
- Луѓе со ограничена или веганска исхрана
- Луѓе кои имаат проблеми со спиењето, раздразливи се и уморни
- За сите оние на кои им е важен квалитетот и ефектот
L-Tryptophan НЕ СМЕЕ да се зема заедно со антидепресиви (MAOI, SSRI), клоназепам, лоразепам, фенобарбитал, декстрометорфан, меперидин, трамадол…. бидејќи може да доведе до Серотонински синдром. Овој синдром настанува кога постои вишок на серотонин во мозокот. Симптомите вклучуваат прекумерно потење, иритација, грозница, нагли промени во крвниот притисок, збунетост, агитација или манија и неправилна работа на срцето.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk