ВЕСТИ

Микро алга, макро благодет – Hawaiian Spirulina

Blog1

НЕГУВАЈТЕ ГО ЗДРАВЈЕТО

Прочистува и храни, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува

Hawaiian Spirulina е вид на модро-зелена алга (едно-клеточно растение); така е наречена поради нејзината карактеристична спирална структура со влакненца на клетките кои се долги околу 10 микрони во дијаметар и повеќе од 1000 микрони во должина. Спирулината е еден од најбогатите и најкомплетни извори на исхрана во светот. Оваа спирална алга иако е едвај пола милиметар долга, содржи преку 100 важни супстанци: витамини и минерали, сите важни амино киселини, хлорофил, ензими и антиоксиданти. Безцелулозниот клеточен yид на Спирулината е високо сварлив и нутриентите лесно се абсорбираат. Содржи, во концентрирана форма, се што е потребно за здраво тело и активен живот.

Моќта на Спирулината не се должи само на бројните поединечни важни супстанции што ги содржи, туку и на компатибилноста  меѓу нив – заедничко делување и надополнување на сите од природата создадени супстанци во Спирулината. Тоа создава многу поголем ефект од збирот на поединечните компоненти. Неправилната исхрана, недостатокот од вежбање, пушењето, пиењето алкохол и стресот, создаваат штетни продукти во нашите тела, предизвикувајќи да се чувствуваме уморни и млитави.

Спирулината  дејствува истовремено на 3 нивоа:

  1. Прочистување Hawaiian Spirulina го помага природниот процес на телесно чистење. Ќе се чувствувате поспремни, повесели и ќе имате повеќе енергија.
  2. Оздравување – Hawaiian Spirulina ги надоместува недостатоците во исхраната и го стимулира метаболизмот. Вашата физичка кондиција се подобрува забележително и се обновувате побрзо после напрегање.
  3. Зајакнување – Hawaiian Spirulina ја зголемува отпорноста и го активира природниот телесен одбранбен механизам. Ќе се почувствувате посилно и поспособни за борба со притисоците на секојдневниот живот.

 Поради нејзините функции на прочистување, обновување и зајакнување, Спирулината има широк опсег на примени и изобилие на полезности:

  • Ви дава повеќе енергија
  • Ја зголемува Вашата отпорност
  • Ја подобрува изведбата во работата, спортот и учењето
  • Ја зголемува Вашата издржливост
  • Го забрзува опоравувањето по болест
  • За здрава кожа, поцврста коса и појаки нокти
  • За време на менструација и менопауза
  • Додаток за време и по бременост

Blog3Што содржи Hawaiian Spirulina?

 Протеини (60-70%)

  • Сите 10 хранливи eсенцијални амино киселини – вкупно 20 амино киселини, во синергетска рамнотежа
  • Б12 – најголем извор на биоактивен Б12
  • Најдобар природен извор на железо – 10 пати поголема застапеност од било која друга храна, со двојно поголема апсорбција за разлика од класичните синтетички препарати
  • Бетакаротен и мешани каротеноиди – извонредно високи природни концентрации, антиоксидантна заштита
  • Фикоцианин – највисока концетрација на овој моќен, син, имуно-стимулативен протеин кој го подржува детоксичното дејство на црниот дроб и бубрезите
  • Хлорофил – темно-зелен пигмент кој ја подобрува абсорпциајта на железо
  • Гама линоленска киселина – највисока природна форма до мајчиното млеко, важен учесник во регулирање на хормонскиот систем на организмот
  • Rhamnose – редок, биолошко активен шеќер, кој забрзува хранливите материи да ја поминат крвно-мозочната бариера и да стигнат до клетките
  • Глигокен – единствен растителен извор на готова гликоза во складирана енергетска форма
  • Есенцијални масни киселини – Омега 3 и  Омега 6
  • Целосен спектар на витамини – повеќе од било која друга поединечна храна, во балансирани количини
  • Океански извор на минерали и разноликост на елементи во траги
    • Супер Оксид Дисмутаза – извонредно високо ниво на антиоксидантен ензим кој содржи железо, ги поддржува важните процеси на телесните клетки и ги штити од слободните радикали
    • Високи нивоа на мукополисахариди во мекиот клеточен ѕид – материјали за гликопротеинските комплекси
    • Не содржи холестерол и скроб, многу малку натриум и калории – високо енергетска храна.

Hawaiian Spirulina од Nutrex е единствена во светот која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Испитувањата правени во изминатите 10 години покажуваат дека во неа нема присуство на пестициди. Единствено Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод, наречен метод на океанско ладно сушење. Овој метод, комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка, како и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен бета каротенски производ.

Blog2Hawaiian Spirulina е направена од најквалитетната спирулина алга од Хаваи. За да се заштитат скапоцените хранливи супстанци и складираната сончева енергија, спакувана e во стаклена амбалажа, поради што ја задржува нејзината природна моќ и останува свежа подолго – гаранција за оптимален квалитет и ефект!

Како да земате Hawaiian Spirulina?

Дози на таблети

Возрасни: 3-6 таблети дневно

Деца: 1-3 таблети дневно

Дози на прашок

½-1 кафена лажица дневно, измешана со џус од овошје или зеленчук (на пр.џус од домати или јаболко).