за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
500 mg / 100 капсули
рок 06.2025
1200 mg / 90 капсули 1.290 ден
Pantothenic Acid
500 mg / 100 капсули
рок 11.2025
1.050 ден Original price was: 1.050 ден.893 денCurrent price is: 893 ден.
Бренд | |
---|---|
Индикации | Кожа, коса, нокти |
1 на залиха
Пантотенска киселина (витамин Б-5) е член на семејството на витамини Б-комплекс и се наоѓа во скоро секоја жива клетка како компонента на коензим А (CoA). CoA е неопходен за генерирање енергија од маснотии, јаглени хидрати и протеини. Исто така, игра клучна улога во многу биосинтетски реакции, неопходни за производство на масти, холестерол, невротрансмитери, црвени крвни клетки и надбубрежни секрети. Како таква, пантотенската киселина е од витално значење за безброј функции на клетките и одржување на здрав клеточен метаболизам.
Состав
Состав: | Количина во 1 доза: 1 таблета | % на дневни вредности |
---|---|---|
Пантотенска Киселина (Витамин Б-5)(од калциум пантотенат) | 500 mg | 10000% |
Калциум (од калциум пантотенат) | 45 mg | 3% |
Други додатоци: хипромелоза (капсула од целулоза) и стеаринска киселина (од растителен извор).
Не е произведено со пченица, глутен, соја, пченка, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Без ГМО. Вегереријански/Веган. Кошер.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Земете 1 капсула дневно со храна.
Предупредување
Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доите, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи: 12-21573/2 од 01.02.2021
Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде повеќе од корист.
Чувајте го упатството. Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни податоци.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
Пантотенска киселина (витамин Б-5) е член на семејството на витамини Б-комплекс, растворлив во вода и првпат изолиран во 1933 година. Името доаѓа од грчкиот збор panthos што значи “го има насекаде” што укажува дека е широко распространет во природата.
Се наоѓа во скоро секоја жива клетка како компонента на коензим А (CoA). CoA е неопходен за генерирање енергија од маснотии, јаглени хидрати и протеини. Исто така, игра клучна улога во многу биосинтетски реакции, неопходни за производство на масти, холестерол, невротрансмитери, црвени крвни клетки и надбубрежни секрети. Како таква, пантотенската киселина е од витално значење за безброј функции на клетките и одржување на здрав клеточен метаболизам.
Неопходен е за синтеза на коензим А – есенцијален за метаболизмот на масните киселини, учествува во разградување и насобирање на масти, јагленохидрати и протеини, а со тоа и во ослободување на енергија од храната. Покрај тоа витаминот Б5 придонесува и за производство на разни неуротрансмитери (хемиски материи кои имаат улога во комуникациските средства меѓу неуроните) и хемоглобинот, со што овозможува стимулација во мозокот и пренос на кислород во крвта. Игра улога и во синтеза на холестерол кој е потребен за создавање на стероидни хормони како што се половите хормони, антистресните хормони и витаминот Д.
Апсорбцијата на витаминот Б5 ја потпомагаат витамините од Б групата, витамин Ц, биотин (витамин Х), а ја намалуваат кафето и алкохолот. Естрогени, сулфонамиди и некои седативи ја намалуваат концентрацијата на Б5 во организмот.
Богат извор на витамин Б5 се мисиркино месо, житарки од цело зрно, мешунки, јајца, млеко, авокадо, харинга, јаткасти плодови, сончогледови семки, брокула, цвекло, печурки.
Хипервитаминоза
Не попстои податок за хипервитаминоза и токсичност со овој витамин, но се смета дека високи дози во бременоста можат да бидат штетни за мајката и плодот.
ПОЛЕЗНОСТИ
- придонесува за нормален метаболизам што дава енергија
- придонесува за нормални ментални перформанси
- придонесува за нормална синтеза и метаболизам на стероидните хормони, витаминот Д и некои невротрансмитери
- придонесува за намалување на замор
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk