Новости
Зошто секој треба да зема спирулина во зима? – 3 препораки за здравјето од Д-р Нела Деспотовска
Се нарекува супер храна и е една од најхранливите намирници на планетата! Спирулината е сино-зелена алга, која има бројни придобивки за здравјето. Докторите и нутриционистите често ја препорачуваат, а зошто спирулината треба да биде дел од исхраната во зима? – Одговор на ова прашање побаравме од Д-р Нела Деспотовска која сподели зошто секој од нас треба да ја вклучи спирулината во зимскиот период.
Во зимските месеци се соочуваме со намален имунитет, замор, мала енергија, чести настинки, грип, загадување на воздухот… Дали спирулината може да ни помогне за да бидеме здрави, полесно да ги надминеме настинките и да имаме супер енергија?
Спирулина за зголемување на енергијата во зимските денови
Да, баш така! Ако имаш намалена енергија за време зимските денови, а многу работни задачи, време е да ја вклучиш спирулината во исхраната. Таа помага за зголемување на енергијата и е супер „бустер“ кој ќе ги подобри твојата виталност и сила. Висока хранлива и речиси целосно искористлива за телото, спирулината е совршен природен партнер кој помага за одржување на нивото на енергија во текот на зимата.
Ја поттикнува детоксикацијата после настинки и грип
Настинки, грип, загаден воздух, обилна и мрсна храна после празниците… се најчестите причини кои штетно влијаат на организмот. Ако во скоро време си имал настинка или не си внимавал на исхраната за празниците, време е за детоксикација. А дали знаеш дека спирулината го поттикнува елиминирањето на токсините и други штетни материи од крвта? – Богата е со антиоксиданти и има силно антивоспалително дејство, па затоа се препорачува за детоксикација и превенција на хронични воспалителни болести.
Спирулината е богат извор на железо и помага за зајакнување на крвта
Кај многу лица кои во зима прележале настинка и грип доаѓа до промена на крвната слика која често се манифестира со ниско ниво на железо во серумот и намален хемоглобин. Како резултат на тоа се јавува недостаток на енергија, проблеми со спиењето и потешкотии при извршувањето на секојдневните физички активности. Со многу висока содржина на железо, дури 23 пати повеќе од спанаќот и витамини од Б комплексот, како и придобивките од моќниот хлорофил, хавајската спирулина – Hawaiian Spirulina е од голема помош при анемија. Нејзиниот состав е всушност многу сличен со оној на нашиот хемоглобин. Ако ја консумирате редовно ќе забележите промена на енергетското ниво по 1 – 3 недели.
Зошто нутриционистите и докторите препорачуваат Hawaiian Spirulina – хавајска спирулина?
Чести настинки, анемија, мала енергија, проблеми со кожата и варењето на храната… се најчести состојби во кои докторите и нутриционистите препорачуваат хавајската спирулина да се вклучи во исхраната. Оваа супер храна:
- е најдобар природен извор на биолошко железо и селен
- има 35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот
- има 3 пати повеќе витамин Е отколку пченичните ‘ркулци
- има 65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални аминокиселини во совршена рамнотежа
- содржи витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 (тиамин) и Б-3 (ниацин)
- е најбогат извор на гама линоленска киселина во природен облик, која ја нема во традиционалната исхрана
- содржи 10 пати повеќе калциум од млекото
- нема маснотии.
Како се консумира хавајската спирулина и од каде може да се набави?
Хавајската спирулина – Hawaiian Spirulina е достапна во таблети и прав. Таблетите може да ги земете со или после оброк со чаша вода. Дневно се препорачуваат максимално 6 таблети, а ако ја земате за прв пат, започнете со 1 таблета на ден и постепно зголемувајте ја дозата.
Ако се одлучите за спирулина во прав, една мала лажичка на ден во смути или други оброци е идеална за одржување на здравјето.
Набави ја хавајската спирулина со попуст и искористи ги нејзините придобивки оваа зима!
Искористи ја можноста за супер здравје и во ладните денови и нарачај спирулина со попуст! Хавајската спирулина со попуст може да ја набавиш онлајн преку веб продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава.
Посети ја vitamini.mk и разгледај ги достапните пакувања на линкот:
https://vitamini.mk/store/spirulina-mk/
Исто, хавајската спирулина може да се набави и од поголемите аптеки низ државата.