Новости
Малнутриција кај старите лица – важноста на нутритивниот статус и клиничкото значење
На 17 октомври 2024 година, Македонското здружение за геријатриска медицина (МЗГМ) организираше настан на тема „Малнутриција – проценка на нутритивниот статус кај геријатриската популација, специфични аспекти на исхраната и клиничко значење“. Настанот, кој беше поддржан од Тримекс, има за цел да ја подигне свесноста за важноста на исхраната кај старите лица и нејзината улога во превенција и третман на болести поврзани со стареењето.
Компанијата Тримекс е посветена на унапредување на здравјето преку квалитетни и ефикасни додатоци во исхраната. Невролошките заболувања и стареењето на мозокот бараат посебно внимание во одржување на оптимален нутритивен статус. Правилната исхрана и употребата на соодветни нутритивни додатоци, како што се аминокиселини, витамини, минерали, масни киселини и пробиотици, играат клучна улога во заштитата на когнитивните функции и спречување на невродегенеративни заболувања.
Малнутрицијата претставува состојба на неухранетост или недостаток на важни хранливи материи во организмот, кои се неопходни за правилно функционирање на телото. Кај геријатриската популација, односно постарите лица, ова може да доведе до сериозни здравствени проблеми, како што се слабеење на мускулите, слабост, послаб имунолошки систем и поголем ризик од инфекции и болести. Неухранетоста често настанува поради неправилна исхрана, недостаток на апетит или тешкотии при внесување храна, што ја прави оваа состојба особено важна за внимателен третман кај постарите лица.
Настанот го отвори Д-р Билјана Петреска-Зовиќ, претседател на МЗГМ, која ја истакна важноста на подобрување на квалитетот на живот кај старите лица преку правилна проценка на нутритивниот статус. Свои излагања на оваа тема имаа и :
- Д-р Христина Лескароска, спец. по семејна медицина – „Малнутриција – проценка на нутритивниот статус кај геријатриската популација“
- Проф. Д-р Игор Спироски , спец. по хигиена и здравствена екологија – „Нутритивни аспекти кај стари лица“
- Д-р Павлинка Милосављевиќ, спец. по неврологија – „Досатоци во исхраната кај невролошки заболувања и стареење на мозокот“
Малнутрицијата е еден од најсериозните предизвици со кои се соочуваат здравствените работници во грижата за геријатриската популација. Овој состанок имаше за цел да поттикне дискусија за соодветен третман и поддршка на стари лица преку исхраната и нутритивните додатоци.
Целта на ваквите настани е да се поттикне поголема соработка помеѓу медицинските професионалци за подобра грижа за старите лица и нивниот квалитет на живот.