ВЕСТИ

Што треба да знаете за имунитетот?

Viruses Methylation And The Functional Approach To Regaining Whole Health

Што е имунитет?

Имунитет е отпорноста на организмот кон одредено заболување, поточно кон неговиот причинител. Човекот секојдневно контактира со патогени микроорганизми, а благодарение на имунитетот е заштитен од нив. Наследните фактори и начинот на живот (во каква средина живеете, дали сте или не сте подложни на стрес, контакт со отрови, храната која ја јадеме, пиеме ли витамини) во големамера утврдуваат колку ќе биде силен нашиот имунолошки систем. Нарушувањата на имунитетот се основа на многу болести.

Видови на имунитет

  1. Вроден – кој настанува со самото раѓање
  2. Стекнат – тој може да биде пасивен или активен според начинот на кој е добиен. Активниот се дели на природен кој е стекнат како резултат на преболување (сипаници) и вештачки кој е стекнат после вакцинација. Пасивниот имунитет исто така се дели на природен кој новороденчето го добива преку мајчиното млеко од мајката и вештачки кој се добива со внесување на имуноглобулини во организмот.

Како работи заштитниот механизам на организмот?

Кога во телото ќе навлезат туѓи тела кои предизвикуваат инфекции, лимфоцитите формираат антитела против нив. Но кога имунитетот е многу слаб, клетките не можат да произведат антитела доволно брзо, што им овозможува на туѓите тела да се размножат и да се зарази организмот.

Симптоми на ослабен имунитет

Хроничен замор, поспаност, болка во мускулите и зглобовите, често разболување, редовна појава на херпес и габични инфекции…

Тоа се повеќе симптоми на ослабен имунитет а причини има повеќе: нагла промена на климата, големи температурни амплитуди, слаба и лоша исхрана, долготрајно ментално и емоционално оптоварување, пушење, конзумирање на алкохол, земање на лекови (особено антибиотици), недостиг на недоволна физичка активност, недоволен сон, дефицит на витамини.

Малите промени во секојдневните навики можат да ви помогнат да го зајакнете имунитетот и да го подобрите своето здравје.

Ако со секојдневната исхрана организмот не ги добива потребните хранливи материи (витамини, минерали, олигоелементи) доаѓа и до промена на рамнотежата на цревната флора со што телото станува поподложно на штетните влијанија и доаѓа до појава на алергии, настинки, болки во различни делови на телото.

Како да го засилиме имунолошкиот систем?

Конзумирајте повеќе агруми (цитрони, портокал, лимон) богати со витамин Ц, овошје (бобинки, авокадо, јаболко, шипка, киви, калинка), зелено листен зеленчук(зелка, спанаќ, прокељ, брокула, карфиол), како и лук, кромид, цвекло, домат, аспарагус, црвени бабури, сладок компир, млечни производи, јајца, црвено месо, печурки, течности (пред се вода и чаеви).

Разновидната и урамнотежената исхрана се најдобра превенција. Во денешното секојдневие поради недостиг на време луѓето често посегнуваат по брза и индустриски произведена храна.

Се препорачува секогаш кога имаме време да се даде предност на свежите производи (овошје, зеленчук) како и на свежо подготвената домашна храна. Но секако не можеме сите потребни нутриенти секогаш да ги внесеме преку храната во оние количини кои му се потребни на организмот. Затоа од голема помош се додатоците на исхраната. Се препорачува нивно консумирање при појава на болест, при закрепнување на организмот како и во сите состојби на намален имунитет.

Додатоците во исхраната содржат различни нутритиенти во различни концентрации и секој нутритиент има свои карактеристики. Најдобри резултати се постигнуваат ако се изберат во согласност со моменталната состојба на организмот, актуелните здравствени проблеми, начинот на живеење, возраст и пол.

Во денешно време постои широк асортиман на суплементи со кои можеме да влијаеме на подобрување на имунолошкиот систем. Тоа се производи кои содржат активни состојки кои делуваат на имунолошкиот систем на различни нивоа. Достапни се без лекарски рецепт а се препорачуваат од лекар или фармацевт.

  1. Пробиотици – важни за одржување на природната рамнотежа на цревната флора како и дополнителнаподдршканаимуниотсистем.Acidophillus 4×6 во себе содржи 6 корисни пробиотици меѓу кои и Lactobacillus acidophilus, која создава млечна киселина и со тоа го спречува ширењето на штетните цревни бактерии, а сосоздавањето на ензими осигурува правилна дигестија на храната, искористувањенахранливитематерии (особено на млечните шеќери) и елиминација на отпадот од организмот.
  2. Бета глукан 1,3/1,6 полисахарид добиен од клеточниот ѕид на квасецот Saccharomyces cerevisiaeкој го активира имуниот систем. Се препорачува за сите кои имаат намален имунитет или како превенција од респираторни, бактериски, вирусни или габични инфекции кај деца и возрасни. Ако особата е склона кон чести настинки и инфекции пожелно е да го зема најмалку 3 месеци за да го засили организмот. Исто така помага и кај алергии и атописки состојби на кожата во процесот на брзо зараснување на рани. Докажан природен препарат со одлични терапевтски ефекти. Го потенцира специфичниот инумолошки одговор и се препорачува кај сите состојби на имунолошки дефицит.
  3. Alphasorb Cесенцијална хранлива состојка за сите. Претставува уникатна и патентирана некиселинска форма на витамин Ц која содржи некиселински минерални аскорбати и природни состојки кои овозможуваат апсорбирање во клетките. Најчесто се препорачува при намален имунитет, настинки, грип, проблеми со крвните садови, побрзо зараснување на рани, обновување на рскавицата, коските и забите, помага за подобра апсорпција на железото и сл. Има 2 пати поголема активност од стандардниот витамин Ц, се складира во клетките и ткивата двојно подолго со што на организмот му обезбедува поголема можност да апсорбира витамин Ц. Апсорпцијата на витамин Ц е 4 пати поголема од стандардниот витамин Ц.
  4. Hawaiian Spirulina  – најмоќна супер храна. Претставува виножито од природни пигменти:

Син пигмент е фикоцианинот – антиоксидант кој е извонредно корисен за црниот дроб и бубрезите, Зелен пигмент кој го дава хлорофилот- антитоксин кој ги извлекува отровите и тешките метали од телото и помага во превенцијата од рак, Жолт пигмент се добива од зеаксантин – одличен е за очите, Портокалов пигмент кој потекнува од бета-каротенот го засилува имунитетот и позитивно влијае на очите и кожата.