ВЕСТИ

Како да се постигне силен имунитет на природен начин?

Imunitet Na Priroden Nacin 2

За една личност да биде во топ форма, здрава, силна, весела, енергична и максимално продуктивна, мора да води грижа за својот дух и тело. Нашето тело е како храм, ако добро го негуваме, добро ќе ни врати. Соодветно на тоа, доброто здравје е знак на нега која се постигнува со секојдневна грижа, посветеност и свесност за себе. За здрав и отпорен организам, неопходно е нашето тело да има силен имунитет!

Со цел нашиот организам да работи совршено мора да внимаваме на сите негови органи и функции. При тоа, зајакнувањето на имунитетот треба да биде императив и важен детал за здравјето на секој од нас.

Имунитетот е способност на организмот со помош на своите механизми да се одбрани од вируси, инфекции, бактерии, паразити и останати патогени бактерии. А зависно од тоа како е настанат, имунитетот може да биде природно стекнат, вештачки стекнат, пасивен и активен. На кратко, природниот е оној кој го добиваме при раѓањето, а стекнатиот обично се добиваа преку вакцинации. Активниот имунитет се создава и обновува во текот на целиот живот (на пр. прележана болест). Пасивниот имунитет е пренесување на антитела и не е долготраен.

Истражувавме подетално на оваа тема, а исто така се консултиравме и со Д-р Нела, на која срдечно и заблагодаруваме за споделените совети и насоки. Доколку имате некое прашање кое сакате да го поставите до неа во врска со темата, пишувајте ни на info@sezahrana.mk , а ние ќе ви го пренесеме нејзиниот одговор.

Кои се симптомите на намален имунитет?

Зачестеното чувство на исцрпеност, немоќ, слабост на телото, безволност, умор, недостаток на енергија итн., во моменти кога не сте биле изложени на поголем физички или психички напор, многу често се првите показатели на пад на имунитетот.

Ослабениот имунитет се забележува и по изгледот на кожата, ноктите и косата. Доколку забележите појава на проблематична и сува кожа, егзема, перутавост на кожата, слаба и кршлива коса, меки и кршливи нокти, значи треба да реагирате.

Херпесот на слузокожата од усните или носот е еден од најчестите показатели. Тој не се јавува постојано, но кога ќе падне имунитетот, односно, одбранбената способност на организмот е лоша веднаш прави реакција. Затоа, треба постојано да се работи на зајакнување на имуниот систем.

Тешко ли е да се зајакне имунитетот на природен начин?

Потребно е трпение и постојаност, но не е невозможно. Постојат чаеви, намирници и додатоци во исхраната кои може да ја „скратат“ или „забрзаат“ патеката до силниот имунитет. Пред сѐ, треба да се направат некои промени во животниот стил. Голем дел од нив се едноставни, па треба да се трудиме да му обезбедиме на нашето тело:

  • доволно сон – потребно е да се спие најмалку 8 часа на ден.
  • редовна физичка активност – околу 3 пати во седмицата, барем по 30-45 минути.
  • престој во природа на чист воздух
  • релаксација и дружење со други луѓе, посебно со ведри лица
  • елиминација на стресот
  • консумација на доволни количини на вода – околу 2 л или 8 чаши на ден.

Зајакнете го имунитетот со помош на храна

Не залудно нашите предци рекле дека здравјето доаѓа преку устата. Но, докажано е дека брзата храна негативно влијае на зајакнувањето на имунитетот, па задржете се повеќе на свежите намирници како што се:

  • зелен зеленчук од кој особено го издвојуваме спанаќот. Тој е богат со витамини А, Е, Б1, Б2, Б9, како и многу минерали. Тука се секако и брокулата, грашокот, кељот, зелката…
  • Портокалов и црвен зеленчук и овошје, а во прв ред тука се тиквите, морковите, цвеклото, доматите, пиперките, мандарините, јаболката… Во комбинација со лимон кој изобилува со витамин Ц овие намирници се одлични за вашиот имунитет.
  • јаткастите плодови како ореви, бадеми, лешници, костени, изобилуваат со витамини и минерали.
  • лук и кромид, добро познатите сојузници на силниот имунитет.

Кои додатоци во исхраната може да помогнат за силен имунитет?

Омега – 6 масните киселини го зајакнуваат имунитетот

Омега-6 има силно влијание на имуната функција така што ослободува лимфокинини кои ги активираат клетките на имуниот систем за одбрана на организмот. Претставува есенцијална масна киселина која учествува во создавањето и излачувањето на некои хормони од хипофизата, тироидеата и од адреналните жлезди и така директно или индиректно учествува во градењето на имуниот систем во организамот. Освен тоа учествува во создавањето и прифаќањето на некои неуротрансмитери кои учествуваат во одржувањето на расположението и сонот.

Најновите испитувања покажуваат дека омега масните киселини имаат најдобар ефект кога се земаат во комбинација 3-6-9, отколку кога се земаат поединечно. Овие додатоци во исхраната може да ги порачате преку онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава до вашиот дом или да ги купите низ аптеките во Македонија. За сите прашања кои ги имате во врска со користењето на омега-3 и супер омега 3-6-9, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Omega 3 6 9

 

Витаминот Ц има големи позитивни ефекти

На сите нас добро ни е познато дека витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем и не прави поотпорни на вируси и настинки. Но, организмот не е во состојба сам да произведе витамин Ц и да се заштити, затоа по потреба добро е да се внесува како додаток во исхраната. Како најдобро искористлива форма на витамин Ц, од искуство можеме да ви го препорачаме AlphaSorb-C од NOW Foods, кој е супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц. Има големи позитивни ефекти при настинка, грип и инфекции, алергии, рани и за детоксикација.

Сега, благодарение на Тримекс, овој витамин може да го набавиме од сите подобро снабдени аптеки низ земјата, а исто така може да го порачате преку нивната онлајн продавница, каде што може да прочитате повеќе информации за него.

Oteceni Nepca

 

Подигнување на имунитетот со чаеви

Едно од првите нешта кои ни паѓаат на памет кога ќе помислиме на борбата со болестите се секако чаевите. Постојат повеќе видови и мешавини на чај. Може да се загреете со вкусен чај од шипинка, камилица, зелен чај, нане или хибискус, сите тие помагаат за одржување на имунитетот. Со чаевите никогаш нема да погрешите, бидејќи тие имаат смирувачко дејство, го ублажуваат нивото на стрес, а поради малите дози на кофеин ја подобруваат и концентрацијата.

Ако сакате да ја подобрите аромата и повеќе да уживате во нивните благодети, ви предлагаме да ги засладите со малку мед и да ги збогатите со цеден лимон. За подобар ефект, може да додадете и рендан ѓумбир. Но секогаш имајте на ум, што и да додавате во чајот, прво почекајте малку да се излади, бидејќи  во спротивно ќе се уништат корисните состојки.