за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
Vitamin D-3 High Potency
10000 IU / 120 меки капсули
1.360 ден
Бренд | |
---|---|
Индикации | Женско здравје, Кожа, коса, нокти, Коски и зглобови, Машко здравје, Нервен систем и ментално здравје, Расположение, стрес и сон, Респираторно здравје, Тироидна жлезда |
NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Како и да е, не е присутен многу во храната. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата на Витамин Д станува се понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина.
Состав
Состав: | Количина во 1 доза: 1 капсули | % на дневни вредности |
---|---|---|
Витамин Д-3(како Cholecalciferol) (од Ланолин) | 250 mcg (10000 IU) | 1250% |
Други додатоци: ладно цедено маслиново масло и мека капсула (говетски желатин, глицерин, вода). Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Без ГМО. Кошер. Содржи желатин.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Земете 1 капсула на секои 3 дена со храна која содржи масти или како што е препишано од доктор.
Предупредување
Предупредување: Само за возрасни. Не ја надминувајте препорачаната доза. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови (особено локални лекови за псоријаза или тиазидни диуретици) или имате некаква медицинска состојба (особено хиперкалцемија, заболување на бубрезите или хиперпаратироидизам). Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи: 12-21574/2 од 01.02.2021.
Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде повеќе од корист.
Чувајте го упатството. Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни податоци.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
ШTO E VITAMIN D-3?
Витамин Д-3 е витамин растворлив во масти. Витаминот Д-3 се разликува од останатите витамини, по тоа што е единствениот витамин, кој телото може да го произведе. Неговата синтеза започнува во кожата, каде под влијание на сончевата светлина 7-дехидрохолестерол преминува во пре-витамин Д3, којшто понатаму се претвара во витамин Д3 (холекалциферол).
Витаминот Д-3 е важен за метаболизмот на калциум и фосфор, што ја промовира ресорпција на овие минерали од цревата и овозможува нивно складирање во коските. Потребен е за правилен раст на коските и забите, како и за мускулите и нервните ткива.
Сонцето е најважен извор на витамин Д-3, но сите знаеме колку е штетно изложувањето на сонце. Затоа подобро е да внесувате витамин Д-3 преку исхраната или со консумирање на додатоци богати со витамин Д-3.
NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма во мека капсула. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Како и да е, не е присутен многу во храната. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата на Витамин Д станува се понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина.
ПОЛЕЗНОСТИ
- придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциум и фосфор
- придонесува за нормално ниво на калциум во крвта
- придонесува во одржување на нормални коски
- придонесува во одржување на нормална мускулна функција
- придонесува во одржување на нормални заби
- придонесува во одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
- придонесува во процесот на делба на клетките
- придонесува за нормален раст и развој на коските кај децата
Се препорачува при:
- Престој во затворени простории
- Бременост
- Лица со потемна кожа
- Зголемена телесна тежина
- Консумирање на лекови
- Повозрасни лица
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk