за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
L-OptiZinc
30 mg / 100 капсули
930 ден
Бренд | |
---|---|
Индикации | Женско здравје, Здравје на очите, Имунитет, Кожа, коса, нокти, Машко здравје, Расположение, стрес и сон, Респираторно здравје, Тироидна жлезда |
Производот не е на залиха!
L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселина Метионин. Истражувањата покажаа дека овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк.
- Имунолошка поддршка
- Висока биорасположлива форма
- Со бакар
Карактеристики
Состав: | Количина во 1 доза: 1 капсули | % на дневни вредности |
---|---|---|
Цинк (од L-OptiZinc® Monomethionine) | 30 mg | 200% |
Бакар (од Copper Amino Acid Chelate) | 0.3 mg | 15% |
Други додатоци: оризово брашно, целулоза (капсула) и стеаринска киселина (од растителен извор). Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО. Кошер.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Земете 1 капсула секој втор ден.
Предупредување
Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доите, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи: 12-12611/2 од 31.01.2022.
Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде повеќе од корист.
Чувајте го упатството. Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни податоци.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
L-OptiZinc® е zinc mono-L-methionin со супериорна абсорпција, задржување и антиоксидантни и заштитни својства на клетките во споредба со другите форми на цинк. L-OptiZinc® е 1: 1 комплекс на цинк и метионин.
Цинкот се содржи во сите клетки и е одговорен за над 300 ензимски реакции во организмот. Важен во апсорпција на витамин А и одржување на нормално ниво на витамин Е во организмот, за силен имунолошки систем, за добра функција на половиот систем кај мажи и жени. Недостигот доведува до депресивни симптоми, мускулна атрофија, ниско ниво на тестостерон.
Неопходен е за формирање на колаген, суштинска компонента на сврзните ткива, вклучувајќи кожа и зглобна ‘рскавица. Исто така, цинкот е неопходен за многу органи и телесни системи да функционираат нормално, вклучително и скелетни, имунолошки, невролошки и ендокрини системи. Важен за чувството на вкус и мирис, одржување на нормално ниво на бакар како и кисело базна рамнотежа во организмот.
Цинкот е неопходен за синтеза на РНК / ДНК и меѓуклеточна сигнализација, има клучна улога во одбраната на телото од оксидативни процеси и за нормално стареење.
ПРЕДНОСТИ НА L-OptiZinc
- Супериорна апсорпција и задржување
- Супериорни антиоксидантни својства
- Супериорна клеточна заштита
- Повеќе здравствени придобивки – од имунолошка функција до здравје на кожата
ПОЛЕЗНОСТИ:
- придонесува во одржување на нормална синтеза на DNA
- придонесува за нормален метаболизам на киселини
- придонесува за нормален метаболизам на јагленохидрати
- придонесува за нормална ментална функција
- придонесува за нормална плодност и репродукција
- придонесува за нормален макронутритивен метаболизам
- придонесува за нормален метаболизам на масните киселини
- придонесува за нормален метаболизам на витамин А
- придонесува за нормална синтеза на протеини
- придонесува во одржување на нормални коски
- придонесува во одржување на нормална коса
- придонесува во одржување на нормални нокти
- придонесува во одржување на нормална кожа
- придонесува во одржување на нормални нивоа на тестостерон во крвта
- придонесува во одржување на нормална визија
- придонесува во одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
- придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес
- придонесува во процесот на делба на клетките
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk