за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
N-Acetyl Cysteine (NAC) е стабилна форма на не-есенцијалната амино киселина цистеин. Тоа е аминокиселина која содржи сулфур која делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури, а исто така е неопходна и за формирање на глутатион. Молибден и селен се основни минерали во трагови кои го олеснуваат производството на неколку важни ензими.
- Заштита од слободни радикали
- Со селен и молибден
- Одржување на клеточното здравје
- Додаток во исхрана
Состав
Состав | Количина во 1 доза: 1 капсула | % на дневни вредности |
---|---|---|
Селен (од L-Selenomethionine) | 25 mg | 45% |
Молибден (од Sodium Molybdate) | 50 mg | 15% |
N-Acetyl Cysteine (NAC) | 600 mg |
Други додатоци: хипромелоза (целулозна капсула), стеаринска киселина (од растителен извор) и лимонска киселина.
Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Без ГМО. Кошер.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Земете 1 капсула 2 пати дневно
Предупредување
Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доите, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
N-Acetyl Cysteine (NAC) е стабилна форма на не-есенцијалната амино киселина цистеин. Тоа е аминокиселина која содржи сулфур која делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури, а исто така е неопходна и за формирање на глутатион. Молибден и селен се основни минерали во трагови кои го олеснуваат производството на неколку важни ензими. N-Acetyl Cysteine (NAC) е антиоксидант кој се претвора во телото во амино киселина наречена цистеин.
Цистеинот помага да се произведе глутатион, антиоксидант кој игра клучна улога во регулирањето на многу клеточни функции пред се го намалува оштетувањето на клетките, опоравувањето од повреди и помага при раст на мускулите. NAC има силно антиоксидативно дејство, пред се е прекурсор на глутатион кој ги неутрализира слободните радикали и има заштитна улога на респираторниот систем од штетното дејство на слободните радикали. Ацетилцистеинот е експекторант и муколитик, дериват на цистеинот.
Тој ги кине дисулфидните врски помеѓу мукополисахаридните влакна и има деполимеризирачко дејство врз ДНК нишките на воспалителната бронхијална слуз, резултирајќи со намалена вискозност на бронхијалниот секрет и негов олеснет транспорт и исфрлање од бронхијалното стебло и трахеата. Ацетилцистеинот има секретолитичко дејство кое предизвикува разводнување на густиот бронхијален секрет и олеснето поминување низ бронхиите и трахеата, и на тој начин ја зголемува ефикасноста на искашлувањето и го подобрува дишењето.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk