БЕСПЛАТНА ДОСТАВА
за сите нарачки
ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
ДА ОСТАНЕМЕ ВО КОНТАКТ
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
Glucomannan<br><span>575 mg / 180 капсули <br></span> рок 03.2026
Glucomannan
575 mg / 180 капсули
рок 03.2026
Original price was: 1.550 ден.Current price is: 775 ден.
Back to products

Super Omega 3-6-9
1200 mg / 90 капсули

1.370 ден

Brand

Индикации

Кардиоваскуларно здравје

SKU: 024 Категорија
Non GMO verifiedGMP natural products associationHALALKOSHER Contains GelatinUL certifiedGOED member
Опис

Super Omega 3-6-9 е мешавина на риба, лисичинка и масло од ленено семе. Оваа комбинација на добро познати хранливи масла има уникатен баланс на Омега-3 и Омега-6 есенцијални масни киселини, плус Омега-9, не-есенцијална, но корисна масна киселина. Омега-3 масните киселини, Алфа линоленска киселина, EPA и DHA, и Омега-6 масната киселина, GLA, се неопходни за одржување на здравјето на кожата, нормален баланс на имунолошкиот систем и правилна функција на нервниот систем. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи (жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и др. загадувачи).

  • Од лисичинка, ленено семе и рибино масло
  • Без холестерол
  • Додаток во исхрана
Состав

Состав

Состав:Количина во 1 доза: 2 капсули% на дневни вредности
Калории25
Калории (од масти)204%
Вкупно масти2.5 g2%
Заситени масти< 0.5 g
Транс масти0 g
Полинезаситени масти1.5 g
Мононезаситени масти0.5 g0%
Холестерол0 mg
Протеин< 1 g
Масло од лисичинка (семе)800 mg
Природен концентрат од рибино масло800 mg
Органско масло од семе од лен800 mg

Типичен состав на природни масни киселини по доза:

Омега-3 масни киселини    604 mg (EPA: 126 mg, DHA: 78 mg)

Омега-6 масни киселини    539 mg (GLA: 160 mg)

Омега-9 масни киселини    225 mg

Други додатоци: мека капсула (желатин, глицерин, вода) и витамин Е (како природен д-алфа токоферол со мешани токофероли). Содржи риба (сардини, сардели, скуша) и витамин Е од соја. Не е произведено со квасец, пченица, глутен, млеко, јајца или школки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Препорака за употреба

Препорака за употреба

Препорака за употреба: Како додаток во исхраната, земете 2 капсули дневно со храна.

Предупредување

Предупредување

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Повеќе информации

Повеќе информации

СИТЕ ДОБРИ МАСТИ ВО ЕДНА ФОРМА

Super Omega 3-6-9 е балансирана мешавина на 3 “добри масти” неопходни за многу функции на организмот. Консумирањето масни киселини е важно за целокупното здравје, виталност, раст и ментална состојба, за претварање на хранливите супстанци во употреблива енергија и за правилно искористување на витамините.
Раните знаци на недостаток на есенцијални масни киселини се имунолошка слабост, замор, слаба меморија, сува кожа, егзема или губење на косата, проблеми со срцето, репродуктивни проблеми, менување на расположението, депресија и слаба циркулација.

Полезности:

  1. DHA:
  • придонесува во одржување на нормален вид
  • придонесува во одржување на нормален вид кај новороденчиња до 12 месеци
  • придонесува за нормален развој на мозокот кај фетусот и доенчињата
  • придонесува за нормален развој на очите кај фетусот и доенчињата
  1. DHA/EPA:
  • придонесуваат во одржувањето на нормален крвен притисок
  • придонесуваат во одржувањето на нормално ниво на триглицериди во крвта
  • придонесуваат во одржувањето на нормална функција на срцето

Зошто Super Omega 3-6-9?

  • Сите 3 “добри масти” во една погодна форма
  • Со витамин Е
  • Фармацевтски степен на квалитет тестиран во независни лабаратории за отсуство на сите загадувачи од околината (нема диоксини, жива, пестициди или тешки метали карактеристични за рибините масла)

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk