Новости
Топ 6 витамини за јакнење на имунитетот во борба против грипот
Зимските месеци се период од годината кога настинките и грипот се повеќе застапени. Најчести симптоми се црвено и болно грло, кашлица, секреција од носот, висока температура, главоболка и општа малаксаност. Кај повеќето најизразена е кашлицата, која може да трае две недели па и повеќе. Лекувањето на грипот исто како и настинките е симптоматско и се препорачува мирување, земање на повеќе течности, полесна храна, витамини и минерали.
Постојат различни препарати кои може да ви помогнат во зачувување на зимскиот имунитет. Важно е да знаете добро да одберете и да знаете што е најефективно:
- NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan (Бета-Глукан)е биоактивен јаглехидрат добиен од клетoчниот ѕид на Saccharomyces cerevisiae, познат како квасец. Го поддржува имунолошкиот систем и нормалната активност на имуните клетки, го јакне имунитетот, штити од настинки и грип, ги олеснува респораторните инфекции и помага при алергиски ринитис.
- NOW AlphaSorb-C e супериорна не-киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц.
- N-Acetyl Cysteine важен во борбата против респираторните инфекции. Претставува стабилна форма на неесенцијалната аминокиселина цистеин кој ја елиминира слузта од респираторните органи и е моќен антиоксидант кој штити од слободни радикали и помага во одржување на клеточното здравје.
- NOW Vitamin D-3 1000IU -180 меки капсули кои го обезбедуваат овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на маслен раствор. Овој моќен имуномодулатор е неопходен во текот на цела година а особено во зимските месеци.
- NOW Selenium 1000mcg – есенцијален минерал кој има голема улога во одржување на доброто здравје и нормалната функција на организмот: помага во формирање на клетките на имуниот систем и ја зголемува одбранбената способност на телото да се бори со инфекции и други болести.
- NOW L-OptiZincе форма на комплекс на цинк со аминокиселина метионин неопходен за нашето тело во период на настинки и грип. Внесот на цинк може да го намали времетраењето на симптомите на инфекција, но исто така игра важна улога во подобрувањето на “ комуникацијата” помеѓу клетките на имунолошкиот систем.
Денешниот начин на живот е толку брз, што забораваме да застанеме. Дајте си време, одморете, преспијте , земете ја дневната доза на витамини и дајте му на телото шанса да се опорави и заздрави.
Секојдневната грижа за вашето здравје ви носи придобивки на долг рок