за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
500 mg / 180 капсули 2.380 ден
100 капсули
рок 01.2025
Magnesium Glycinate
180 таблети
2.310 ден
Бренд | |
---|---|
Индикации | Коски и зглобови, Спорт и фитнес |
Магнезиумот е минерал кој е од клучно значење за производство на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Тој е задолжителен кофактор за околу 300 ензими.
Магнезиумот е клучен минерал кој многу луѓе не го добиваат доволно преку исхраната. Магнезиумот е четвртиот најзастапен минерал во организмот. Околу 50 % од вкупниот магнезиум во организмот се наоѓа во коските. Другата половина се наоѓа претежно во клетките на ткивата и органите, со само 1 % кој се наоѓа во крвта.
- Високо апсорбирачка форма
- Придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста
- Придонесува за електролитна рамнотежа
- Придонесува за нормален енергетски метаболизам
- Придонесува за нормално функционирање на нервниот систем
- Придонесува за нормална мускулна функција
- Придонесува за нормална синтеза на протеини
- Придонесува за нормална ментална функција
- Придонесува за одржување на здрави коски
- Придонесува за одржување на здрави заби
- Додаток во исхрана
Состав
Состав: | Количина во 1 доза: 2 таблета | % на дневни вредности |
---|---|---|
Magnesium елементарен (од 2000 mg Magnesium Bisglycinate) (Albion) | 200 mg | 48% |
Други додатоци: хидроксипропил целулоза, стеаринска киселина (од растителен извор), силициум диоксид и вегетаријанска обвивка.
Не е произведено со пченица, глутен, соја, пченка, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Земете 2 таблети 1 до 2 пати дневно, со храна.
Предупредување
Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца.
Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.
Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето.
Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
TRAACS™ е заштитен знак на Albion Laboratories, Inc.
Препорачаната дневна доза да не се надминува. Додатоците на исхрана не може да се користат како замена за разновидна и балансирана исхрана.
Овие тврдења не се еваулирани од FDA. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
Магнезиум глицинат користи магнезиум врзан за аминокиселината глицин, која ја олеснува интестиналната апсорпција. Магнезиумот е минерал кој е критичен за производството на енергија и метаболизмот, мускулната контракција, преносот на нервните импулси и минерализацијата на коските. Тој е неопходен кофактор за скоро 300 ензими. Меѓу процесите за кои е потребен магнезиум се производството на масти и протеини, како и метаболизмот на гликозата. Статусот на магнезиум е исто така важен за регулирање на рамнотежата на калциумот преку неговите ефекти врз паратироидната жлезда.
Важноста на магнезиум
Магнезиумот е клучен минерал кој многу луѓе не го добиваат доволно преку исхраната.
Магнезиумот е четвртиот најзастапен минерал во организмот. Околу 50 % од вкупниот магнезиум во организмот се наоѓа во коските. Другата половина се наоѓа претежно во клетките на ткивата и органите, со само 1 % кој се наоѓа во крвта.
Магнезиумот е потребен за повеќе од 300 биохемиски реакции во телото. Тој помага во одржувањето на нормална функција на мускулите и нервите и ги одржува коските здрави. Магнезиумот е вклучен во енергетскиот метаболизам и синтезата на протеини. Магнезиумот се апсорбира во малите црева, а излачувањето се одвива преку бубрезите.
Иако истражувањата покажуваат дека многу луѓе не ги добиваат препорачаните количини на магнезиум, симптомите на недостаток на магнезиум ретко се присутни.
Знаците на недостаток на магнезиум се: хипокалцемија, ниски серумски хипокалемија, задржување на натриум, ниско циркулирачки нивоа на паратироидниот хормон, невролошки и мускулни симптоми (тремор, мускулни грчеви, тетанија), губење на апетит, гадење, повраќање и промена на личноста.
Следниве услови го зголемуваат ризикот од недостаток на магнезиум:
- Гастроинтестинални пореметувања, како што се продолжена дијареа, Кронова болест, синдроми на малапсорпција, итн.
- Дијабетес мелитус и долгорочна употреба на одредени диуретици.
- Хроничниот алкохолизам.
- Стареење: Неколку студии откриле дека старите лица имаат релативно низок внес на на магнезиум преку исхраната.
Полезности:
- Придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста
- Придонесува за електролитна рамнотежа
- Придонесува за нормален енергетски метаболизам
- Придонесува за нормално функционирање на нервниот систем
- Придонесува за нормална мускулна функција
- Придонесува за нормална синтеза на протеини
- Придонесува за нормална ментална функција
- Придонесува за одржување на здрави коски
- Придонесува за одржување на здрави заби
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk