за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
Ubiquinol CoQH-CF
50 mg / 60 капсули
2.500 ден
Бренд | |
---|---|
Индикации | Кардиоваскуларно здравје, Машко здравје, Нервен систем и ментално здравје, Спорт и фитнес, Тироидна жлезда |
Убикинолот е редуцирана и активна форма на Коензим Q10 (CoQ10). CoQ10 е присутен во секоја клетка од нашиот организам, со особено високи концентрации во срцето. Тој е основа за производство на енергија на митоходриите и дејствува како моќен, растворлив во масти, елиминатор на слободните радикали. NOW® Ubiquinol CoQH-CF ™ содржи d-Limonene со што природно се зголемува неговата растворливост и интестинална апсорпција, и се создава производ со супериорна биолошка вредност.
- Активна форма на CoQ10-50 mg
- Супериорна биорасположливост
- Додаток во исхрана
Состав
Состав: | Количина во 1 доза: |
---|---|
Состав 1 капсула Ubiquinol (Kaneka Ubiquinol™)(редуцирана форма на CoQ10) | 50 mg |
Други додатоци: мека капсула (говетски желатин, глицерин, вода, карамела боја), d-Limonene, каприлна киселина, капринова киселина и алфа липоична киселина.
Не е произведено со квасец, глутен, соја, пченка, млеко, јајца, риба или состојки од школки. NOW® CoQ10 производите содржат само природна, транс форма на CoQ10 произведена со ферментација.
CoQH-CF ™ е заштитен знак на Soft Gel Technologies, Inc .
Q + ®, Kaneka Ubiquinol™ и квалитетот за печат ™ се регистрирани трговски марки на Kaneka Corp.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 1 капсула 2 пати дневно со храна.
Предупредување
Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доите, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
Коензимот Q10 е природен нутриент присутен во секоја клетка и неопходен за производството на клеточна и мускулна енергија во организмот. Поради тоа се нарекува и убикинон (ubiquitus – секаде присутен). Кога снабдувањето со CoQ10 е ниско, клетките стануваат неефикасни и ранливи, имунолошкиот систем слабее, чувствителноста на одредени здравствени нарушувања се зголемува, започнува процес на предвремено стареење и срцето слабее.
Во храната е присутен во рибата, месото и мали количини во oревите. Прехранбениот внес на CoQ10 е околу 2 до 5 mg дневно, што значи дека изворите на исхрана не обезбедуваат доволни количини.
CoQ10 во организмот
Највисоки нивоа на CoQ10 се најдени во ткивата во организмот кои работат најнапорно: срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот. Со стареењето, едноличната исхрана, изложеноста на стрес, разни болести, земањето на некои лекови; организмот ја губи способноста за синтеза на потребните количини на CoQ10 и производство се смалува дури за 80%. Поради тоа има потреба за негово надополнување.
Зошто CoQ10 од NOW?
- Единствена 100% комплетно природна форма на CoQ10
- Анализиран за моќност и фармацевтски степен на чистина
- Најдобро продаван бренд во САД
Доколку земате лекови за срце консултирајте го докторот. CoQ-10 го јакне срцевиот мускул и може да влијае на препишаната доза на лекови.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk