Новости
Симпозиум – Омега-3 и CoQ10 моќни додатоци за кардиометаболна протекција
Во организација на Здружението на Интернисти на РМ и Тримекс, вчера на 25.10.2018 година се одржа Симпозиум на тема „Омега-3 и CoQ10 -Moќни додатоци за оптимална кардиометаболна протекција“. Симпозиумот се одржа во Хотел Александар Палас, Скопје.
Свое излагање на темата имаа Д-р Васко Хаџиев, специјалист по интерна медицина кој говореше за „CoQ10 коензим повеќе од енергија, повеќе од суплемент“. Тој ги објасни улогите, формите, присуството во органите, надворешните извори на CoQ10. Посебен осврт даде за оксидативниот стрес и срцевата слабост, антиоксидативната улога на CoQ10, Q Symbio студијата која го потврди неговото централно место во примарна и секундарна превенција на кардиоваскуларни заболувања (срцева слабост).
Со големо задоволство учесниците го следеа излагањето на Neil E. Levin, CCN, DANLA од САД. Во неговото излагање се стави акцент на „Омега-3 масти и други нутриенти: квалитет и клиничка употреба“. Levin ги претстави методите и врвната опрема за лабораториско тестирање на додатоците во исхрана кои ги произведува Now Foods. Now Foods е најнаградувана компанија за нутритивни додатоци во исхраната и најдобар производител според задоволството на потрошувачите. Таа е член на TruLabel програмата (регулаторна програма за осигурување на врвен квалитет во етикитирањето кај производителите на додатоци во исхраната – целосно откривање на сите состојки на етикетата на производите). Поседува сертификат за Good Manufacturing Practice (GMP), со кој се потврдува дека се употребуваат највисоки процедури за квалитет во производството („А“ рејтинг). Levin говореше за Омега-3, магнезиумот, L-карнитин, оксидативниот стрес како ризик фактор за дијабетес, CoQ10, алфа липоичната киселина, инозитолот, лецитинот и холинот.
На Симпозиумот свое излагање имаше и Д-р Горан Николов, интернист – кардиолог кој говореше за „Омега-3 во терапија кај хиперлипидемии и метаболен синдром“. Тој говореше за својствата и делувањето на Омега-3, изворите, внесот и улогата на Омега-3 како чувар на кардиоваскуларниот систем, но и нејзините влијанија врз менталното здравје и расположение, и туморската кахексија.
По завршувањето на излагањата на предавачите, следуваше и дискусија на која присутните поставуваа прашања. Дискусијата ја водеа модераторите на настанот Д-р Александар Манолев и Д-р Андријана Гацовски. Дискусијата беше продолжена и за време на коктел закуската на која беа поканети сите присутни.