за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
Methyl B-12
1000 mcg / 100 пастили
980 ден
Бренд | |
---|---|
Индикации | Женско здравје, Нервен систем и ментално здравје, Расположение, стрес и сон |
Витамин Б-12 е неопходен за производство на енергија од масти и протеини и е добро познат за неговата критична улога во синтезата на ДНК, како и кај хомоцистеинскиот метаболизам. Метилкобаламин е ко-ензимска форма на витаминот Б-12 која се покажа дека е особено критична во одржувањето на здрав нервен систем. Диететските извори се речиси исклучиво од животинско потекло (месо и млечни производи) и дополнување со Б-12 може да биде особено важно за строгите вегетаријанци. NOW ® Methyl B-12 е вегетаријански / веган производ (не е од животинско потекло).
Состав
Состав: | Количина во 1 доза: 1 пастила | % на дневни вредности |
---|---|---|
Витамин Б-12 (како Methylcobalamin) | 1 mg (1000 mcg) | 41.667% |
Други додатоци: фруктоза, сорбитол, микрокристална целулоза, стеаринска киселина (од растителен извор), лимонска киселина, природен вкус и магнезиум стеарат (од растителен извор).
Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Вегетеријански/Веган. Кошер.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Земете 1 пастила 1 до 2 пати дневно. Изџвакајте ја таблетата или држете ја во уста додека не се раствори и голтнете.
Предупредување
Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи: 11-536/2 од 20.02.2019.
Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде повеќе од корист.
Чувајте го упатството. Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни податоци.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
ШTO E VITAMIN B-12?
Витаминот Б-12 (кобаламин) е витамин растворлив во вода кој е присутен во секоја клетка и игра важна улога во голем број биолошки процеси. Има клучна улога во нормалното функционирање на мозокот и нервниот систем преку синтезата на миелин и формирањето на црвените крвни зрнца. Вклучен е во метаболизмот на секоја клетка од човечкото тело, а особено влијае на ДНК синтезата, метаболизмот на масните киселини и хомоцистеинот.
Витаминот Б-12 се сретнува во повеќе форми од кои метил формата е најстабилна и најчесто се употребува како витамински додаток.
ПОЛЕЗНОСТИ
- придонесува за нормален енергетски метаболизам
- придонесува за нормално функционирање на нервниот систем
- придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеинот
- придонесува за нормална психолошка (ментална) функција
- придонесува за нормално формирање на црвените крвни клетки
- придонесува во одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
- придонесува во намалување на заморот и исцрпеноста
- придонесува во процесот на делба на клетките
Се препорачува за:
- Вегетеријацни и вегани
- Луѓе постари од 60 години
- Луѓе кои редовно земаат средства против желудечни киселини
- Луѓе кои примаат лекарства за дијабетис, како метформин
- Луѓе со кронова болест, улцеративен колитис, целијакиа или синдром на нервозни црева
- Жени со историја на неплодност и спонтани абортуси
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk