за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
500 mg / 50 капсули 2.250 ден
500 mg / 60 капсули 1.490 ден
Maca
500 mg / 100 капсули
980 ден
Бренд | |
---|---|
Индикации | Женско здравје, Машко здравје |
Maca (Lepidium meyenii) се одгледува на високи места во регионот на Андите во Централно Перу. Традиционално се користи со векови како извор на хранливи материи и како генерален енергетски тоник.
- За мажи и жени
- Вегетеријански/Веган производ. Без ГМО.
- Додаток во исхрана
Состав
Состав: | Количина во 1 доза:2 капсули |
---|---|
Maca (Lepidium meyenill) (корен) | 500 mg |
Други додатоци: целулоза (капсула) и магнезиум стеарат (растителен извор). Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-3 пати дневно.
Предупредување
Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени
или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
Maca (Lepidium meyenii)
Maca (Lepidium meyenii) е билка со потекло од областа на Андите, на територијата на денешна Боливија и Перу, а расте на надморска височина помеѓу 2400 и 4400 метри. Според легендата, Инките на своите воини им давале прав од корен од мака за да ја зголемат нивната сила и издржливост.
Меѓутоа, кога битката ќе завршела, им ја крателе маката поради нејзиното својство силно да го подобрува либидото. Нејзиниот корен со векови за домородците е извор на сила и плодност. Потоа Шпанците освојувачи ја донеле маката во нивната земја, запознавајќи ја така и Европа со ова растение.
Едно време интензивно се употребувала во шпанскиот кралски двор, после што знаењето за неа во текот на годините да исчезне. Во текот на шеесеттите години од минатиот век, перуанските, американските и германските истражувачи повторно на светот и ја откриле оваа билка. Денес знаеме дека тајната на своето делување маката ја крие во бројните активни супстанци како што се масни киселини, алкалоиди, танини, стероли и глукозинолати.
Природен адаптоген
Научниците маката ја ставаат во групата на адаптогени – средства за подобро прилагодување на организмот. Способноста на маката да ги идентификува потребите на секој поединечен организам и го донесоа прекарот “паметна билка”.
Коренот на маката содржи витамини Б1, Б2, Б12 и Ц, алкалоиди, макро и микро хранливи материи, јаглехидрати, протеини, влакна, масни киселини, фруктоза, скроб, танин натриум, калиум, калциум, бакар, цинк, железо, манган, силициум и магнезиум.
Маката е еден од додатоците во исхраната кој користи од страна на многу врвни спортисти.
Маката содржи и четири уникатни алкалоиди – macaina 1, 2, 3, 4 – кој не се пронајдени во било која друга билка. Тие помагаат во искористувањето на сите хранливи материи од маката кој му се потребни на организмот.
Дозирање и мерки на претпазливост
– Маката не се препорачува за бремени жени и доилки.
– Луѓето кои страдаат од висок крвен притисок или болест на тироидната жлезда, пред земањето мака да се консултираат со лекар.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk