ВЕСТИ

Дали имате доволно Д витамин и кои се преферирани дневни дози?

Ffo5J Vitamin D Tocka 1

„Сончевиот“ витамин е жешка тема која привлекува големо внимание во изминатите децении, особено што значителен дел од светската популација има недостаток на овој витамин.

Lg.php?Bannerid=1324&Amp;Campaignid=1101&Amp;Zoneid=66&Amp;Loc=1&Amp;Referer=Https%3A%2F%2Ftocka.comСепак, витаминот Д беше првенствено познат за неговата улога во формирањето на коските; но голем број докази укажуваат на негова улога во правилната функција на речиси секое ткиво во нашето тело, вклучувајќи го мозокот, срцето, мускулите, имунолошкиот систем и кожата. Притоа, неговиот недостаток е инкриминиран во долга група на болести, вклучувајќи ракот, автоимуни болести, кардиоваскуларни и невролошки заболувања. Неговото учество во патогенезата на различни дерматолошки заболувања не е исклучок и е предмет на многу истражувања во последните години.

 

Која е врската на кожата и витаминот Д?

Кожата е најголемиот орган на телото со мултифункционални активности. Има динамична клеточна мрежа со уникатни имунолошки својства за одржување на одбранбени дејства, фотозаштита, имунолошки одговор, инфламација, заздравување на рани итн. Имуните клетки на кожата покажуваат различни својства. Тие можат да синтетизираат активен витамин Д и да ги експресираат витамин Д рецептори. Познато е дека нивото на витамин Д во човечкото тело, варира под влијание на сончевите зраци. Доколку кожата впива доволно УВ-зраци, телото може да го произведува овој витамин. Само 10 до 20 проценти од потребите на телото се покриваат преку исхраната.

Било какви нарушувања во кожниот имунолошки систем има потенцијал да предизвика кожни болести. Витаминот Д е сесенцијален фактор, кој пред се има имуномодулаторни ефекти преку регулирање на созревањето на дендритичните клетки, макрофагите, функцијата на лимфоцитите и производството на цитокини. Недостатокот на овој витамин може да промовира појава на имунореактивни заболувања. Администрацијата на витамин Д или неговите аналози е терапевтски избор за третман на неколку кожни болести.

 

Zfufo9Blsd Koi Se Preferirani Dnevni Dozi Na Vitamin D

 

 

Дали витаминот Д може да предизвика кожни болести?

Врз основа на горенаведените факти во врска со испреплетената врска што постои помеѓу витаминот Д и кожата, се чини дека е логично да се инкриминира недостатокот на витамин Д во долга листа на кожни заболувања, вклучувајќи рак на кожата, псоријаза, ихтиоза, автоимуни кожни заболувања, како што се како што се витилиго, склеродермија и системски лупус еритематозус, како и атопичен дерматитис, акни, опаѓање на косата, инфекции и фотодерматозите. Сепак, останува шпекулативно дали недостатокот на витамин Д примарно придонесува за патогенезата на болеста или само претставува последователен настан во воспалителниот процес. Според еден ревијален преглед кој вклучува 290 проспективни кохортни студии и 172 рандомизирани испитувања поврзани со ризикот од болести или воспалителниот статус и Витамин Д, нагласен е еден значаен факт; Дефицитот на витамин Д се чини дека е маркер за болест, без оглед на тоа дали е вистинска причина или само асоцијација.

Кои се најчестите дерматолошки заболувања асоцирани со недостаток на витамин Д?

Во понатамошниот текст, ќе ги евалуираме постојните факти за витаминот Д, неговата улога во патогенезата на некои дерматолошки заболувања и можноста за негова употреба како терапевтска опција.

Псоријаза

Клиничко подобрувањето на псоријазата со изложување на сонце иницираше потреба од орална суплементација на 1,25-дихидроксивитамин Д (калцитриол) како терапевтска опција, а оттука и локална примена на аналозите на Вит Д во терапија на псоријаза, чиј тераписки ефект е посредуван од Вит Д рецептор преку геномски механизам, што резултира со инхибиција на кератиноцитната пролиферацијата. Локалниот калцитриол со неговите минимални ефекти врз серумскиот калциум е одобрен од (FDA) за третман на псоријаза. Ефективноста и безбедноста на различни аналози на витамин Д во локалниот третман на псоријаза се документирани во неколку студии. Тие се по-ефикасни со супериорна козметичка прифатливост од претходните локални третмани како катран и дитранол и имаат потентност споредлива со средно-потентните локални кортикостероиди.

Во литературата е документирана и корелација помеѓу ниските нивоа на серумскиот витамин Д и тежината на псоријазата. Денес, со големиот број докази дека псоријазата е системска автоимуна болест, постои итна потреба од повторна евалуација на улогата на оралниот витамин Д во третманот на псоријазата. Студиите покажуваат подобрување на псоријазата кај повеќе од 60% од пациентите по орална суплеметација на вит Д. Особено поради неговиот имуномодулаторен ефект се смета за вредна терапевтска алтернатива кај пациенти со псоријатична артропатија, а поради антиинфламаторно дејство, исто така, го подобрува метаболниот синдром и кардиоваскуларните болести кои можат да бидат асоцирани со псоријазата. Потребни се поголеми студии со оваа евтина и лесно достапна опција за третман на псоријаза и поврзаниот метаболен синдром.

Атописки дерматитис (АД)

Епидемиолошки студии покажаа дека Преваленцата на АД е висока кај популацијата што живее на повисоки географски широчини, каде има помала изложеност на сонце. Мета-анализата покажа дека децата и возрасните со АД имаат ниски нивоа на серумскиот витамин Д. Ниското ниво на витамин Д ја зголемува тежината на АД. Иако сеуште не е јасна улогата на Вит Д во патогенезата на АД, неколку неодамнешни извештаи покажуваат дека витаминот Д игра можна улога во патогенезата на атопичен дерматитис преку неговите имуномодулаторни својства. Витаминот Д има потенцијал да го супримира инфламаторниот одговор, да ја подобри антимикробната пептидна активност и да го промовира интегритетот на кутаната бариера преку диференцијацијата на кератиноцитите и синтезата на протеини како што е филагрин, кои се неопходни за формирање на епидермалната, кутана бариерата. Понатаму, докажано е дека аналозите на витамин Д го потиснуваат производството на имуноглобулин Е (IgE) ин витро и IgE посредувани кутани реакции кај пациенти со АД. Сепак, ќе бидат неопходни понатамошни студии кои вклучуваат поголеми примероци и подолг период на следење за подетално да се оцени витаминот Д како терапевтска стратегија кај атопичен дерматитис.

Витилиго

Автоимунитетот игра важна улога во патогенезата на витилиго, што е евидентно во коегзистенција на други автоимуни нарушувања истовремено со витилигото. Откриено е дека нивоата на витамин Д се редуцирани кај различни автоимуни заболувања, што укажува на логична етиолошка поврзаност помеѓу нивоата на витаминот Д и појавата на витилиго. Сепак, точниот механизам со кој вит. Д влијае на автоимунитетот сè уште е енигма. Постојат студии кои сугерираат репигментација кај пациенти со витилиго по орална суплементација со Витамин Д. Од тука произлегува основата за употребата на локални Вит Д аналози и како монотерапија и во комбинација со локални кортикостероиди и фототерапија во третманот на витилиго.

Хронична уртикарија

Има студии кои потврдуваат дека администрација на Витамин Д 3 како адјувантна терапија, кај пациенти на терапија со антиалергиска терапија дава зачително подобрување на симптоми, споредено со пациенти кои се само на антиалергиска терапија.

Системски лупус еритаматодес (СЛЕ)

Неколку студии откриваат поголема преваленца на витамин Д дефицит кај пациенти со СЛЕ споредено со здравата популација. Авторите на една неодамнешна статија сугерираат дека употребата на Витаминот Д во терапијата кај СЛЕ има основа поради неговите имуномодулаторни ефекти и кардио- протективната улога.

Кожни карциноми

Голем број епидемиолошки студии сугерираат дека витаминот Д може да има заштитен ефект намалувајќи го ризикот од рак и смртноста асоцирана со рак. витамин Д е поврзан со намален ризик за развој на одредени солидни тумори – вклучувајќи рак на хранопроводот, желудникот, дебелото црево, ректумот, жолчното кесе, панкреасот, белите дробови, дојката, матката, јајниците, простатата, мочниот меур, бубрезите, кожата, тироидната жлезда и хематопоетскиот систем (на пр., Хочкинов лимфом, не-Хочкинов лимфом, мултипен миелом). Севкупно, постојат докази дека витаминот Д може да игра протективна улога во развојот не-меланотичните карциноми на кожата, вклучувајќи го карцином на базалните и сквамозните клетки, како и превенција од меланом,. Клучниот фактор што ја комплицира поврзаноста помеѓу витаминот Д и ракот на кожата е ултравиолетовото Б зрачење. Истиот спектар На УВ- Б зрачење, што го катализира производството на витамин Д во кожата, предизвикува и мутации на кутаната ДНК што може да доведе до епидермални малигни кожни карциноми.

Акне вулгарис

Акните се едно од најчестите дерматолошки заболувања кое се појавува кај милиони луѓе секоја година. Се смета дека инфламацијата кај акните во голема мера произлегува од имунолошкиот одговор што го таргетира бактеријата Propionibacterium acnes (P. acnes), што е главен патогенетски механизам. Во една неодамнешна студија, се докажа дека витаминот Д ефикасно го модулира инфламаторниот процес кај акните преку инхибиција на диференцијацијата на Th17 индуцирана од P. acnes. Орална суплементација на вит Д, може да биде алтернатива за третман на рекурентни инфламирани акни.

Опаѓање на косата

Улогата на витаминот Д во циклусот на влакното/косата може да се објасни со фактот дека оптимална концентрација на витаминот Д е неопходно за одложување на процесот на стареење, вклучително и губење на косата. Неодамнешна студија спроведена на осумдесет женски пациенти покажа дека нискиот серумски витамин Д2 е асоциран со двата најчести типови на косопаст кај жените; телогениот ефлувиум и андрогенетската форма на алопеција кај жени. Затоа е предложен скрининг за нивото на витамин Д и негова суплементација во случај на недостаток во третманот на овие болести. Суплементација со Вит Д се препорачува и во третманот на алопеција ареата за која во студиите се алудира на имуномодуларниот ефект на Витаминот Д кој е значаен патогенетски механизам кај оваа автоимуна болест.

Дали сметате дека витаминот Д треба да биде напишан на секој рецепт?

Одговорот на ова прашање е сèуште далеку од јасно, но јасно e дека би можеле да препорачаме рутинска проценка на неговото ниво, со посебен фокус на оние пациенти кои се изложени на ризик од негов недостаток на пр. постари, обезни пациенти, лица без доволна изложеност на сонце или со малапсортивни нарушувања(целијакија), лица со одредени болести на црниот дроб и бубрезите, или на хронична медициска терапија.

Заклучокот е дека, јасна е уникатната врска што постои меѓу витаминот Д и дерматологијата. Од една страна, нашата кожата е еден извор за овој важен витамин, а од друга сите достапни податоци укажуваат на неговото важно влијание врз здравјето на нашата кожа односно неговиот дефицит игра улога во патогенезата на многу дерматолошки заболувања. Врз основа на моментално достапните податоци, јасно е дека орална суплементација со витаминот Д треба да биде претпочитана препорака во случај на негов дефицит, но повеќе истражувања се потребни за да се разоткријат неговата врска со дерматолошките заболувања и да се креираат јасни насоки и препораки за негова суплементација.

Кои се преферирани дневни дози на витамин Д?

Бидејќи ултравиолетовите зраци од сонцето и солариумите можат да предизвикаат рак на кожата, Американската академија за дерматологија не препорачува да се добива витамин Д од изложување на сонце или сончање во затворени простории. Се препорачува добивање на витамин Д од здрава исхрана која вклучува храна природно богата со витамин Д: млеко и млечните продукти, риба (лосос, сардини, харинга, пастрмка), јајца, путер, рибино масло и др.

Врз основа на моментално достапните научни докази кои ја поддржуваат клучната улога на калциумот и витаминот Д во здравјето на коските, препорачаниот додаток во исхраната/дневно за витамин Д е: 400 меѓународни единици (IU) за доенчиња/деца (0-1 година); 600 IU за деца, тинејџери и возрасни (1-70 години); 800 IU за возрасни (71+ години); Внесувањето на витамин Д не треба да надминува 4.000 IU на ден.