Испорака

Се стремиме кон тоа нашите производи да ви бидат доставени во рок од 24 часа откако сте ги нарачале/купиле.
Нарачаните производи ќе ви бидат доставени со испратница и фактура за извршеното плаќање.
Купените производи ќе ви бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Испораката е бесплатна.
Производите ќе ви бидат испорачани следниот ден или во временски период според вашите потреби.
Порачаните производи во сабота или неработен ден ќе Ви бидат доставени следниот работен ден.
На денот на испораката, доколку претставникот за испорака не успее да ве најде и да ви ја предаде пратката ќе ви биде доставена писмена информација за направениот обид.
Доколку порачаниот производ не може да ви биде испорачан од наша страна, ќе бидете контактирани преку податоците кои ги имате доставено при регистрацијата.


Враќање/Рекламација на производи

Тримекс Дооел обезбедува враќање на производи и средства единствено за производите кои се купени и платени од www.vitamini.mk
Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на Тримекс Дооел во Контакт центарот на тел. 02 32 46 000, моб: 075 277 891 или писмено преку e-mail: info@trimeks.com.mk


Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:

  • испорака на производи кои не се нарачани.
  • испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба.
  • испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот.

Во случај да не е во можност да испорача други производи, Тримекс Дооел ќе му ги надомести на купувачот неговите трошоци и вредноста на производите кои не може да му се испорачаат.
Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура и испратница и истиот може да го замените со нов. При таков случај, ве молимe да нè информирате за вашето барање и да го доставите на адреса:

Тримекс Дооел
бул. АСНОМ бр. 58/1/1
1000 Скопје


Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.
Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш износот на вратените средства ќе биде намален од 50 – 80% од цената на чинење.
Тримекс Дооел има резервирано право да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страниците на Тримекс Дооел.
Изјава за заштита и чување на личните податоци од неовластено користење
Тримекс Дооел се обврзува да ги заштити податоците на своите корисници.
Ги регистрираме само основните податоци потребни за непречена работа и истите ги користиме за информирање на корисниците за начинот на нивното користење.
Постојано им даваме на корисниците можност за избор при употребата на нивните податоци, вклучувајќи ја и одлуката дали тие сакаат или не нивното име да се избрише од листата која се користи за маркетинг кампањите.
Сите податоци за корисниците строго се чуваат и достапни се само на оние лица кои ги извршуваат непосредните активности вклучени со корисниците.
Сите лица во Тримекс Дооел и фирмите партнери се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

Како да ги примените правилата за испорака?

Што значат правилата за испорака и како да ги користите?

Правила за испорака се важен дел од онлајн достава, особено кога купувате испорака на витамини. Тие ги регулираат условите за испорака и ја гарантираат брзата и сигурна достава на вашите производи.

За да се уверите дека го користите најдоброто од политиката за враќање и условите за испорака, следете ги овие чекори:

  1. Проверете го рокот за испорака веднаш по нарачката.
  2. Обезбедете точна адреса и контакт информации.
  3. Сочувајте ја испратницата и фактурата за евентуално враќање на производи.
  4. Контактирајте го контакт центарот ако имате прашања или сакате враќање.

Следењето на овие правила ви овозможува лесно да го искористите правото на враќање и да ја добиете онлајн доставата како што очекувате.

Често поставувани прашања

Колку време трае испораката на производите од Витамини.мк?

Испораката на производите се прави во рок од 24 часа од нарачката, а доставата е бесплатна.

Кои се условите за враќање на производи од Витамини.мк?

Производот мора да биде неотпакуван, неупотребуван и вратен во рок од 7 дена со приложена фактура и испратница за поврат на средства.

Што да направам ако примам оштетен производ или производ со грешка?

Контактирајте го Контакт центарот на Тримекс ДООЕЛ со оправдана рекламација преку телефон или e-mail, и ќе ви помогнат со замената или враќањето.

Дали можам да ја добијам паричната рефундација ако вратам производ?

Да, но само ако производот е во оригинално пакување, неупотребуван и вратен во рок од 7 дена, а парите ќе ви бидат префрлени на истата банкарска сметка.

Како ќе знам дали е направен обид за испорака ако не сум дома?

Доколку не успеат да ве најдат, ќе добиете писмена информација за направениот обид за испорака.