БЕСПЛАТНА ДОСТАВА
за сите нарачки
ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
ДА ОСТАНЕМЕ ВО КОНТАКТ
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk

DHA Kids Chewable
60 меки капсули

1.220 ден

Brand

Индикации

Детско здравје

SKU: 059 Категорија
Non GMO verifiedGMP natural products associationHALALKOSHER Contains GelatinUL certifiedКЕТОGOED member
Опис

Природниот концентрат на рибино масло кое се користи во оваа капсула е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. Се тестира за да биде ослободен од потенцијално штетни нивоа на загадувачи (т.е. жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и други загадувачи).

  • Поддршка на здравјето на мозокот
  • 100 mg DHA
  • Меки капсули во форма на риба
  • Овошен вкус
  • Без ГМО
  • Додаток во исхрана
Состав

Состав

Состав:Количина во 1 доза: 2 капсули%  на дневни вредности за деца до 3 години%  на дневни вредностиза возрасни и деца од 4 години и повеќе
Калории103%1%
Вкупно масти1 g
Концентрат од природно рибино масло (BioPureDHA®)1100 mg
Docosahexaenoic киселина (DHA)200 mg
Eicosapentaenoic киселина (EPA)48 mg

 

Други додатоци: мека капсула (говетски желатин, глицерин, вода, ксилитол, целулоза), природен овошен вкус и природни мешани токофероли.

Содржи риба (туна). Мешани токофероли од не-ГМО соја.

Не е произведено со квасец, пченица, глутен, млеко, јајца или состојки од школки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Рибиното масло е од Исланд.

Без ГМО.

Препорака за употреба

Препорака за употреба

Препорака за употреба: За деца и возрасни, земете 2 меки капсули 1 до 2 пати на ден со храна, или како што е наведено од вашиот лекар.

Предупредување

Предупредување

Предупредување: Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Содржи ксилитол, кој е штетен за домашни миленичиња.

BioPureDHA® е регистрирана трговска марка на Bioriginal Food & Science Corp.

Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk

Повеќе информации

Повеќе информации

Омега-3 масните киселини се од големо значење за општото здравје на детето. Тие се меѓу најважните добри масти кои нашето тело ги бара, но не може да ги произведе самостојно и затоа мора да бидат дел од исхраната, но сé почесто и како додаток на исхраната. Омега-3 масните киселини се есенцијални масни киселини, што значи дека тие не можат да бидат синтетизирани од нашето тело.

Омега-3 се од суштинско значење за одгледување на деца за подобрување на нивното когнитивно и бихејвиорално функционирање. Доказите од експерименталните студии покажуваат дека овие нутриенти ги регулираат бихејвиоралните и неврохемиските аспекти кои се поврзани со нарушувањата на однесувањето (одговор на стрес, депресија и агресија, раст, меморија и когнитивните функции). Недостатокот на омега 3 ја нарушува функцијата на мозокот и ја отежнува состојбата кај дечињата со дефицит на внимание. Оптималниот внес на EПA и ДХА ги намалува проблемите во однесувањето и го подобрува капацитетот на мозокот.

Долговерижните полинезаситени масни киселини (PUFA) сочинуваат околу 15-30% од сувата тежина на мозочното ткиво. Тие се вклучени во градбата и функцијата на ЦНС. Структурата на мозокот ја сочинуваат масти и тоа главно фосфоглицериди и холестерол кои се богати со Арахидонска киселина и DHA. Студиите покажуваат дека DHA ја засега функцијата на крвно-мозочната бариера и флуидноста на невронската мембрана. Исто така го регулира системот на невроспроводливост како серотонинскиот, допаминергичниот, норадреналинскиот и ацветилхолинскиот систем. DHA има значителен ефект на невронската мембрана, нејзината динамика со што влијае и врз транспортерите, рецепторите и невротрансмитерските функции. Омега 3 масните киселини имаат одредена биохемија и физиолошки функции во метаболизмот на човекот и здравјето воопшто. За таа цел DHA е основен нутриент за детскиот раст и развој.

DHA е главна структурна маст во мозокот, нервните клетки и ретината на окото. Интересен факт е дека 60% од структурата на мозокот го чинат масти, а 25% од тие масти е DHA. DHA чини 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот. Во комплетната структура конечно оваа масна киселина достига до 97% од омега 3 мастите во мозокот и до 93% од омега 3 мастите во ретината.

Недостатокот на DHA во мозокот може да предизвика проблеми со размислувањето, учењето, когнитивното однесување и да придонесе за нарушување на дефицитот на вниманието и депресијата. Земањето на додатоци од рибино масло покажува подобрување за сите горенаведени состојби. Децата со АДХД обично имаат ниски нивоа на омега-3 масни киселини. Децата со АДХД, на кои им биле давани омега-3 додатоци во исхраната, покажале умерено подобрување на симптомите, вклучувајќи проблеми во обработката на емоциите и дружењето.

DHA и EPA во голема мера се наоѓаат во морските масла, како што се рибините масла од крил, скуша, туна и други видови морска храна. Во храната најважен извор на DHA е рибата и рибиното масло.

Зошто EPA и DHA се толку важни за активноста на мозокот?

Овие масни киселини се вклучени во составот на мембраните на нервните клетки. Затоа недостатокот на омега-3 масните киселини во клеточните мембрани ги нарушува нормалните функции на мозочните клетки. Истражувањата покажуваат дека EPA и DHA во мозочните клеточни мембрани директно влијаат на синтезата на невротрансмитерите, преносот на сигналот и активноста на некои клучни ензими.

Придобивките од редовното консумирање на Омега-3 масните киселини:

  • DHA:
    • придонесува во одржување на нормален вид
    • придонесува во одржување на нормален вид кај новороденчиња до 12 месеци
    • придонесува за нормален развој на мозокот кај фетусот и доенчињата
    • придонесува за нормален развој на очите кај фетусот и доенчињата

    DHA/EPA:

    • придонесуваат во одржувањето на нормален крвен притисок
    • придонесуваат во одржувањето на нормално ниво на триглицериди во крвта
    • придонесуваат во одржувањето на нормална функција на срцето

DHA има важна и повеќекратна улога кај децата, особено кај доенчињата и малите деца до 3 години. Мајчиното млеко е важен извор на DHA, но многу зависи од мајчиниот внес на омега-3 масни киселини.  50% од бремените жени не внесуваат доволно омега-3 масни киселини, и се препорачува суплементација во тек на бременост и доење. Препорачаниот внес на DHA во доенечка возраст изнесува 100 mg/ден. Зголемениот внес не претставува здравствен ризик.

Улогата на Омега-3 масните киселини

  • Клучната улога е во градбата и функцијата на мозокот, како и формирањето на ретината
  • Развој на когнитивните функции
  • Развојот на видот, што овозможува подобра визуелна перцепција
  • Кардиоваскуларно здравје

Затоа соодветен внес на овие масни киселини треба да се обезбеди уште во бременоста, доењето и за време на детството.

 

 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk