за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
Vitamin D-3 Liquid, Extra Strength
1000 IU / 30 ml
980 ден
Бренд | |
---|---|
Индикации | Детско здравје, Женско здравје, Имунитет, Кожа, коса, нокти, Коски и зглобови, Машко здравје, Нервен систем и ментално здравје, Расположение, стрес и сон, Респираторно здравје, Тироидна жлезда |
Производот не е на залиха!
NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на маслен раствор. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Како и да е, не е присутен многу во храната. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата на Витамин Д станува се понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина.
Состав
Состав: | Количина во 1 капка (приближно 0.028 ml) (750 дози во едно пакување) | % на дневни вредности |
---|---|---|
Витамин Д-3 (како Cholecalciferol) (од Ланолин) | 25 mcg (1000 IU) | 125% |
Други додатоци: MCT масло (средно верижни триглицериди) (од кокосово/палмино масло).
Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Без ГМО. Кошер.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Измешајте добро. Земете 1 капка 1 до 2 пати на ден. Земете директно или додајте во омилениот пијалок. Најдобро да се зема со оброк што содржи маснотии.
Предупредување
Предупредување: Само за возрасни. Не е наменет за употреба кај новороденчиња или деца. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца.
Овој производ со дополнителна јачина има десет пати повеќе Д3 од нашиот редовен производ.
Овие тврдења не се еваулирани од FDA. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи: 12-4974/2 од 26.05.2020.
Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде повеќе од корист.
Чувајте го упатството. Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни податоци.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
ШTO E VITAMIN D-3?
Витамин Д-3 е витамин растворлив во масти. Витаминот Д-3 се разликува од останатите витамини, по тоа што е единствениот витамин, кој телото може да го произведе. Неговата синтеза започнува во кожата, каде под влијание на сончевата светлина 7-дехидрохолестерол преминува во пре-витамин Д3, којшто понатаму се претвара во витамин Д3 (холекалциферол).
Витаминот Д-3 е важен за метаболизмот на калциум и фосфор, што ја промовира ресорпција на овие минерали од цревата и овозможува нивно складирање во коските. Потребен е за правилен раст на коските и забите, како и за мускулите и нервните ткива.
Сонцето е најважен извор на витамин Д-3, но сите знаеме колку е штетно изложувањето на сонце. Затоа подобро е да внесувате витамин Д-3 преку исхраната или со консумирање на додатоци богати со витамин Д-3.
NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на маслен раствор. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Како и да е, не е присутен многу во храната. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата на Витамин Д станува се понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина.
ПОЛЕЗНОСТИ
- придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциум и фосфор
- придонесува за нормално ниво на калциум во крвта
- придонесува во одржување на нормални коски
- придонесува во одржување на нормална мускулна функција
- придонесува во одржување на нормални заби
- придонесува во одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
- придонесува во процесот на делба на клетките
- придонесува за нормален раст и развој на коските кај децата
Се препорачува при:
- Престој во затворени простории
- Бременост
- Лица со потемна кожа
- Зголемена телесна тежина
- Консумирање на лекови
- Повозрасни лица
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk