за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
100 mcg / 60 капсули 1.690 ден
500 mg / 60 капсули 1.760 ден
L-Lysine
500 mg / 100 капсули
840 ден
Бренд | |
---|---|
Индикации | Имунитет, Кожа, коса, нокти, Коски и зглобови |
- Есенцијална амино киселина
- Поддржува синтеза на колаген
- Здрава имунолошка функција
- Додаток во исхрана
Состав
Состав: | Количина во 1 доза: 1 капсула |
---|---|
L-Lysine (од L-Lysine Hydrochloride) | 500 mg |
Други додатоци: желатин (капсула), стеаринска киселина (од растителен извор), целулоза, оризово брашно и магнезиум стеарат (од растителен извор).
Не е произведено со пченица, глутен, соја, пченка, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Без ГМО.
NOW® L-Lysine е есенцијална амино киселина со фармацевстки степен на чистина.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Земете 1 капсула 1-3 пати дневно.
Предупредување
Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца.
Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.
Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето.
Чувајте го на ладно, суво место после отварање.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
L-Lysine е есенцијална амино киселина која мора да биде добиена преку исхраната или преку дополнување. Лизинот е неопходен за производство на сите протеини во телото, и е неопходен за одржување на структурниот протеински колаген и еластин, кои ги формираат сите сврзни ткива, како што се кожата, тетивите и коските. L-Lysine е исто така претходник на L-Carnitine, кој е потребен за метаболизмот на мастите и за производството на енергија.
Што е L-Lysine?
L-Lysine е есенцијална аминокиселина, важен градбен елемент на белковините. Името есенцијален всушност значи дека е во прашање материја која што организмот не е способен самостојно да ја произведе туку мора да ја внесе од надворешен извор.
За кого се препорачува?
Во организмот на возрасните се наоѓаат отприлика 15% белковини кои константно се разградуваат и обновуваат. Тој процес во нормални услови е во рамнотежа. Градивни компоненти на белковините се т.н. аминокиселини. Порано се мислеше дека 9 амино киселини припаѓаат на групата на есенцијални аминокиселини т.е дека до нив може да се дојде исклучиво по надворешен пат. Денеска меѓутоа се востанови дека организмот во случај на потреба сепак може да произведе 7 од нив (во ограничени количини). До останатите аминокиселини и понатаму може да се дојде само по пат на исхраната. Покрај одговарачкиот внес на аминокиселини важна е и нивната рамнотежа која во најголема мерка зависи од составот на внесените намирници. Доколку содржината на белковини е ниска (на пр. во случај на неурамнотежена или едноставна исхрана, гладување или диета), метаболизмот на аминокиселини може да се поремети.
Лизинот по својата хемиска форма се вбројува меѓу основните аминокиселини. Покрај тоа учествува и во изградба на белковините, помага во апсорпција на калиум, важен е за создавање на колагенот, допринесува во одржување на соодветната структура на сврзното ткиво, со што благотворно делува на здравјето на кожата, мускулите и зглобовите.
L-Lysine е есенцијална аминокиселина. Името произлегува од грчкиот збор lysis што значи ослободување. Покрај учеството во изградбата на протеини, неопходно е во формирањето на колаген и на тој начин поволно делува на сите места каде што се наоѓа колаген, на пр. сврзно ткиво и ѕидови на крвните садови, бидејќи помага да се зачува нивната структура.
Лизинот е незаменлив во синтезата на L-Carnitine, аминокиселина есенцијална за метаболизмот на масти, создавање на енергија и зачувување на одредени мускулни функции.
Исхраната на веганите и вегетаријанците е сиромашна со лизин па им се препорачува надополнување. Лицата кои се на диета и оние кои работат тешки физички работи како и спортистите исто така им се препорачува суплементација со лизин.
Извори
Месо, риба, сирење, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, соја, квасец.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk