за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
BerryDophilus Kids
60 таблети за џвакање
1.140 ден
Бренд | |
---|---|
Индикации | Детско здравје |
NOW® BerryDophilus ™ обезбедува 2 милијарди CFU од комбинација на 10 клинички потврдени пробиотски бактериски видови создадени за поддршка на гастроинтестиналното здравје и функцијата на здрав имунолошки систем. Здравата цревна флора исто така помага да се создаде поволна околина за апсорпција на хранливите материи. BerryDophilus ™ може да ги користат и возрасни и деца. Засладен со ксилитол, BerryDophilus ™ нема да им наштети на забите и е со одличен вкус.
- Гастроинтестинална поддршка
- 2 милијарди, 10 пробиотски видови
- Потврдени видови
- За деца и возрасни
- Додаток во исхрана
Состав
Состав: | Количина во 1 доза: 1 таблета за џвакање | % на дневни вредности за деца до 3 години | % на дневни вредностиза возрасни и деца од 4 години и повеќе |
---|---|---|---|
Калории | 5 | <1% | <1% |
Вкупно јагленохидрати | 1 g | ||
Вкупно шеќери | 0 g | ||
Вклучува 0 g додадени шеќери | |||
Шеќерни алкохоли (Ксилитол и Сорбитол) | 1 g | ||
Мешавина на 10 видови (2 милијарди CFU) Lactobacillus acidophilus (La-14), Bifidobacterium lactis (Bl-04),Lactobacillus plantarum (Lp-115), Lactobacillus casei (Lc-11),Lactobacillus rhamnosus (Lr-32), Lactobacillus paracasei (Lpc-37),Bifidobacterium breve (Bb-03), Streptococcus thermophilus (St-21), Lactobacillus salivarius (Ls-33), Bifidobacterium longum (BI-05) | 56 mg |
Други додатоци: ксилитол, сорбитол, микрокристална целулоза, хидроксипропил целулоза, стеаринска киселина (од растителен извор), силициум диоксид, природен вкус на бобинкасто овошје, јаболкова киселина, цвекло во прав, магнезиум стеарат (од растителен извор) и FOS (фруктолигосасахариди).
Пробиотските видови во овој производ се потврдени со идентитет со користење на ДНК-технологија за отпечатоци.
Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Вегетеријански/Веган производ. Кошер. Засладено со ксилитол.
Предупредување: Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови (особено лекови што го потиснуваат имунитетот) или имате некаква медицинска состојба (особено ако имунитетот е компромитиран). Да се чува подалеку од дофат на деца.
Содржи ксилитол, кој е штетен за домашните миленици.
Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. По отварање, да се чува во фрижидер.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Препорака за употреба
Препорака за употреба: За деца (од 2 и повеќе години) и возрасни: изџвакајте 1 таблета 1 до 3 пати на ден помеѓу оброци или на празен стомак. За деца под 2 години, користете само по совет на лекар. Таблетата треба да се изџвака или издроби; да не се проголта цела.
ДА СЕ ДРЖИ КАПАЧЕТО ЦВРСТО ЗАТВОРЕНО. ПО ОТВАРАЊЕ ДА СЕ ЧУВА ВО ФРИЖИДЕР.
Предупредување
Предупредување: Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови (особено лекови што го потиснуваат имунитетот) или имате некаква медицинска состојба (особено ако имунитетот е компромитиран). Да се чува подалеку од дофат на деца.
Содржи ксилитол, кој е штетен за домашните миленици.
Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. По отварање, да се чува во фрижидер.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
Цревната микрофлора е еден од најважните фактори за добро варење на храната, а микроорганизмите кои се домаќини на системот за варење обезбедуваат некои од важните хранливи материи, а и за целиот детски организам. Составот на цревната микрофлора на секое дете зависи од неговото раѓање, околината и исхраната и за секое дете е посебен.
Имунолошкиот систем на детето се гради уште во бременоста, каде што кардиоваскуларниот систем на мајчините имуни клетки станува составен дел на организмот уште на нероденото дете. Внатрешниот екосистем на доенчето зависи од здравствената состојба на мајката, бидејќи при раѓање по вагинален пат доенчето ја добива нејзината микрофлора.
Исхраната и брзиот начин на живот на денешните жени често го нарушуваат здравјето. Затоа лекарите многу често, ги советуваат мајките да им се дава пробиотски култури на доенчињата за подобрување на здравјето од раѓање.
На имунолошкиот систем влијаат “добри” бактерии, денес познати како пробиотици. Тие микроорганизми природно го населуваат цревото, спречуваат врзување на патогени бактерии и го штитат детето од разни болести. Овие бактерии се покажало дека се корисни во случај на запек и пролив, но исто така и во спречување на настинки, инфекции, алергии и во подобрување на варењето на мајчиното млеко, а подоцна и во останатите намирници.
Често пати се случува да е нарушен микросистемот на цревата. Неговиот баланс и квалитет може да бидат нарушени при проблеми со стомакот, појава на цревни вируси, инфекции како и со употреба на антибиотици. Поради тоа треба да се одржува баланс на цревната микрофлора со урамнотежена исхрана богата со пробиотски млечни производи и разни пробиотски додатоци во исхраната.
Денес најпознати и најзастапени пробиотски бактерии се Lactobacillus и Bifidobacterium, од кои најиспитувани и најпознати видови се Lactobacillus rhamnosus GG, Lactobacillus reuteri и Bifidobacterium lactis. Треба да се напомене дека освен наведените бактерии често се зборува за терапија во која треба да се консумираат пробиотици, но не е важен само видот туку и нивната количина. Затоа на различни пробиотски производи, бројот на живи бактерии се означува од 109 до 1012 CFU (Colony forming units), што означува вообичаена дневна тераписка доза за доенчиња и деца.
Секојдневно и превентивно користење на пробиотици подразбира употреба на прехранбени производи кои се природно богат извори на овие култури. Во овие намирници спаѓаат ферментирани млечни производи, како што се јогурт, кефир, кисело мелко и разни сирења кои се препорачуваат да се дадат на доенчињата во нивните оброци како дохрана. Важно е да се има на ум дека пробиотските производи на млечна база не се даваат на бебиња кај кои млекото и млечните производи сеуште не се воведени во исхраната или на бебиња кои се алергични на кравјо млеко, но на деца кои се хранат со адаптирано млеко ова може да се даде после седмиот месец од раѓањето. Ако се работи за доени деца или деца алергични на кравјо млеко, како додаток во исхраната може да се употребат пробиотици кои во својот состав немаат млеко.
Функцијата на пробиотиците како промотори на животот не би биле целосни без нивната храна, односно нутритивните влакна растворени во вода, како што се инулин, олигофруктоза и фруктоолигосахариди (FOS) кои се природно застапени во мајчиното млеко и во намирниците како што се житарките, овошјето и зеленчукот. Затоа избалансирана и разновидна храна ќе обезбеди здравје за мајката и детето, а исто така и за нивната цревна микрофлора.
Недоволниот внес на пробиотици може да резултира со низа проблеми: дијареа или запек, стомачни тегоби, метаболички проблеми и дебелина, пад на имунитетот и зачестени појави на инфекции и алергии. Внесувањето квалитетни пробиотици, во соодветна доза и доволно долго, предизвикува пред се стабилизација на цревната микрофлора и метаболизмот. Колонизацијата на цревата со добри бактерии ги спречува штетните дејства на патогените, а од друга страна специфични соеви пробиотици го стимулираат имунитетот и директно ги инхибираат штетните бактерии. Пробиотиците денес се нераскинлив партнер на антибиотиците при антиинфективна терапија, бидејќи докажано ги намалуваат нивните несакани дејства.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk