за сите нарачки
Производи од реномирани брендови со врвен квалитет
02 324 6000 | info@trimeks.com.mk
Vitamin D-3 Liquid
400 IU во 4 капки / 59 ml
700 ден
Бренд | |
---|---|
Индикации | Детско здравје, Имунитет, Кожа, коса, нокти, Коски и зглобови, Респираторно здравје |
NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на маслен раствор. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Како и да е, не е присутен многу во храната. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата на Витамин Д станува се понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина.
Состав
Состав: | 4 капки (приближно 0.112 ml) (527 дози во едно пакување) | % на дневни вредности |
---|---|---|
Витамин Д-3 (како Cholecalciferol) (од Ланолин) | 10 mcg (400 IU) | 50% |
Други додатоци: MCT масло (средно верижни триглицериди). MCT масло од кокосово/палмино масло.
Не е произведено со квасец, пченица, глутен, соја, пченка, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Без ГМО. Кошер.
Препорака за употреба
Препорака за употреба: Измешајте добро. За возрасни, зедмете 4 капки 1 до 5 пати дневно. За деца, земете 4 капки еднаш дневно. Да не се надминува препорачаната доза. Земете директно или додајте во омилениот пијалок. Ако пипетата е во контакт со усните или усните ткива, темелно измијте ја и исушете ја пред да ја вратите во шишето и целосно затворите. Најдобро да се зема со оброк што содржи маснотии.
Секоја капка содржи 100 IU на витамин Д, 4 капки обезбедуваат 400 IU, 20 капки обезбедуваат 2.000 IU.
Предупредување
Предупредување: Да се чува подалеку од дофат на деца. Не е наменет за употреба кај новороденчиња. За деца под 4 години само по препорака на педијатар. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба.
Не користете ако е евидентно дека обрачот е оштетен или го нема. Не го користете доколку производот ја менува бојата, станува матен и/или се појавува талог на течната површина.
Овие тврдења не се еваулирани од FDA. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк.
Потекло: САД, Производител: Now Foods, САД
Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи: 12-4976/2 од 26.05.2020.
Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас. Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде повеќе од корист.
Чувајте го упатството. Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни податоци.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
Повеќе информации
ШTO E VITAMIN D-3?
Витамин Д-3 е витамин растворлив во масти. Витаминот Д-3 се разликува од останатите витамини, по тоа што е единствениот витамин, кој телото може да го произведе. Неговата синтеза започнува во кожата, каде под влијание на сончевата светлина 7-дехидрохолестерол преминува во пре-витамин Д3, којшто понатаму се претвара во витамин Д3 (холекалциферол).
Витаминот Д-3 е важен за метаболизмот на калциум и фосфор, што ја промовира ресорпција на овие минерали од цревата и овозможува нивно складирање во коските. Потребен е за правилен раст на коските и забите, како и за мускулите и нервните ткива.
Сонцето е најважен извор на витамин Д-3, но сите знаеме колку е штетно изложувањето на сонце. Затоа подобро е да внесувате витамин Д-3 преку исхраната или со консумирање на додатоци богати со витамин Д-3.
NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на маслен раствор. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Како и да е, не е присутен многу во храната. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата на Витамин Д станува се понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина.
ПОЛЕЗНОСТИ
- придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциум и фосфор
- придонесува за нормално ниво на калциум во крвта
- придонесува во одржување на нормални коски
- придонесува во одржување на нормална мускулна функција
- придонесува во одржување на нормални заби
- придонесува во одржување на нормална функција на имунолошкиот систем
- придонесува во процесот на делба на клетките
- придонесува за нормален раст и развој на коските кај децата
Се препорачува при:
- Престој во затворени простории
- Бременост
- Лица со потемна кожа
- Зголемена телесна тежина
- Консумирање на лекови
- Повозрасни лица
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте не на нашиот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk